НАЦИОНАЛНА ЕТВИНИНГ ОЗНАКА ЗА КВАЛИТЕТ
И во оваа чудна година, во услови на пандемија и онлајн настава, бевме креативни, љубопитни и работевме. Учениците од седмо одделение, кои се дел од Франкофонскиот клуб, заедно со учениците од партнер училиштето „Achille Rousson“ близу Монтпелје, работеа на е-твининг проектот „Виртуелни пријатели“. Како резултат на успешно спроведените активности Националната агенција за европски образовни програми ни додели Национална етвининг ознака за квалитет.
Браво за седмоодделенците – франкофони кои работеа на овој проект: Сара Ангелова, Јована Ивановска, Теа Наунова, Стефанија Спировска, Драгана Милковска, Клара Караџоска, Луна Јакимовска, Адриана Стоилевска, Ања Јовановска, Теона Марковиќ, Бисера Стојменовиќ и Горазд Стојановски. Браво за нивната желба, посветеност, љубопитност и за храброста да комуницираат на француски јазик со французи.