Настава во природа – V одделение
Од 24 – 28. 04.2018 год. беше изведена Настава во природа за учениците од V одделение. На наставата присуствуваа 67 ученици.
Учениците беа сместени во хотелот „Конгресен центар“ – Охрид.
Во текот на наставата беа посетени: манастирот Св. Јован Бигорски, Вевчанските извори, црквата Св.Софија во Охрид, Антички театар – Охрид, Самуилова тврдина – Охрид, Плаошник – Охрид, Музејот на икони – Охрид, Биљанини извори – Охрид, Истекот на реката Дрим – Струга, Џамијата на Мустафа Челеби – Струга, Природно-научен музеј – Струга, Куќата на Никола Незлобински – Струга, Куќата на Миладиновци – Струга, Заливот на коските и Римскиот кастел – Градиште (Охрид), манастирот Св. Наум, изворот на реката Дрим, градот Битола, винарија – Лозар – Битола и археолошкиот локалитет Хераклеја.
На оваа настава во природа учениците посетија и научија многу за нашето културно наследство од праисторијата па до денес. Имаа можност да ги видат и доживеат природните богатства на нашата татковина, видовме: планини, рамнини, реки, природни и вештачки езера, села и градови.
И што е најважно научија да се грижат: за личната хигиена, за хигиената на просторот во кој живеат, за сопствените потреби , за личната и заедничката сопственост , за другарството и меѓусебното помагање, за сочуството и заедничката радост, за однесувањето во хотел, ресторан, продавница, музеј, црква, џамија, сообраќај. Со еден збор да бидат САМОСТОЈНИ. И беа многу успешни во тоа!
Останаа многу слики, многу спомени, Ви пренесуваме само мал дел од нив.
Актив на V одделение