На 11.09.2018 г. во Средното фискултурно училиште во Скопје на учениците Павел Наневски 8-3 одд, Ангела Богатинова 8-3 одд. и Лорина Јакимовска од 7 одд. од страна на Заменик министерот за образование проф. Петар Атанасов им беа доделени пофалници, плакети и ваучери од ,,Матица Македонска,, за учество на литературниот конкурс на тема ,,Егејска Македонија,, Литературниот конкурс се одржа во рамките на Петтата светска средба на децата бегалци која се одржа од 19 – 22 јули 2018 г. во Скопје. Овој литературен конкурс беше организиран од Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во соработка со МОН. Честитки за учениците и им посакуваме уште многу успеси во иднина. Ученици браво!