Климатски промени
15-ти мај е Светски ден на климатските промени кога вниманието на пошироката јавност е насочено кон големите климатски промени кои се резултат на човековата активност.
Глобалното затоплување и екстремните промени во климата, претставуваат најголема глобална закана по здравјето во 21-виот век. По тој повод нашите учениците од 7 одделение истражуваа и изработуваа презентации за климатските промени (климатските промени и глобалното затоплување).Во продолжение ќе погледнеме дел од нивните изработки.
И да не заборавиме:
Одговорноста почнува од секој еден од нас!!!
Како можеме позитивно да влијаеме :
– со редуцирано возење со автомобил и користење на велосипедот
-да вршиме селекција на отпадот и негово рециклирање
– да купуваме енергетски ефикасни производи
– да развиваме навики за заштеда на електрична и топлинска енергија
-да ги чуваме и одржуваме зелените површини
ЕКО Тимот
Климатски промени – како да се справиме со нив