Зошто се слави 8-ми Март?
Меѓународниот ден на жената е светски празник кој се одбележува на секоја година на 8. март. На овој празник се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, на иницијатива на социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената бил одбележан на 28. февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 година, под закрила на Втората интернационала во Копенхаген, била одржана Првата меѓународна конференција на жените, на која било одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но не бил утврден точен датум. На 19 март 1911, празникот по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржале мировни собири.
8. март за прв пат бил прогласен за државен празник, по победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај. На запад во 1920-тите одбележувањето на 8 март полека замре, а оживеа во 1960-тите заедно со растежот на феминизмот. Но, сепак, во ниту една западна земја 8 март не е прогласен за државен празник.
8 март е државен празник во неколку земји како Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Бугарија, Монголија, Узбекистан,Виетнам, Кина. Република Македонија е една од ретките земји во кои се празнува Меѓународниот ден на жената.
http://www.crnobelo.com/novosti/svet/992-zosto-se-slavi-8mi-mart