На 29 мај 2020, во 12:00 часот по електронски пат се одржа Европскиот квиз на пари 2020. Покрај состојбата во која се наоѓаме нашето училиште со 11 ученици од VIII и IХ одд. учествуваше преку електронската платформа Kahoot на националниот натпревар со уште 29 земји учеснички. Учениците се натпреваруваа со приближно пестотини пријавени на квизот. Европскиот квиз на пари е проект на Европската банкарска федерација за подобрување на финансиската едукација во Европа кој го спроведува Македонска Банкарска Асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност и со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука.
Честитки на учениците кои посветено работеа и се вклучија во учество на овој квиз:
Ема Димитровска, Јана Благојевиќ, Сања Танаскоска, Христина Јовановска, Бојана Џопевска, Катерина Андова, Ангела Ангелковска, Давид Цветковски, Јована Цветковска, Андријана Антовска , Никола Јакимовски.