Виртуелна обиколка на Собранието на Македонија
Во недостиг на екскурзии и посети на институции, по добиената покана од страна на Парламентарниот институт, учениците од нашето училиште беа поканети да учествуваат на виртуелна обиколка на Собранието. Така на 23 февруари 2021 година, дел од учениците од VI, VII и VIII одделение вкупно 45, имаа можност да го посетат Собранието на еден поинаков начин, on-line-виртиелна тура преку апликацијата „ZOOM“.
-„Се надевам дека за брзо време ова ќе помине и во живо ќе дојдете да ни го видите Собранието“ – вака господинот Томе Гушев, Советник за правно-политичка едукација при Одделението за едукација и комуникација им се обрати на учениците.
Тој пред да ја започне обиколката им постави неколку прашања на учениците за да ги поттикне на дискусија, на размислување и поставување прашања од нивна страна. Презентацијата на содржината на обиколката од страна на г-нот Томе одговараше во однос на соодветноста на возрасната група на посетителите.
Тој им раскажа дека зградата е изградена во 1938 година и им покажа дел од старата и дел од новата архитектура.
– Проектот е направен од чешки архитект и зградата била изградена за брзо време. Во 1941 година, кога почнала Втората светска војна, овде бил сместен Генерал-штабот на фашистичките окупатори, но во 1945 година, кога Македонија се ослободила, овде била сместена целокупната власт на Народна Република Македонија. Овде се наоѓале и Собранието, и Владата, и првиот формиран суд. Можеби некој од вас еден ден ќе стане пратеник – им рече тој на учениците.
Децата го видоа Кабинетот на претседателот на Собранието, потоа просторијата длаборез во Кабинетотна претседателот на Собранието и се воодушевуваа додека ја разгледуваа на своите телефони, таблети, компјутери.
– Длаборезот е од 1938 година, а го изработиле тетовски резбари. Денес ова просторија е ставена под заштита на Унеско. Од 1991 до 1999 година оваа просторија ја користеше претседателот на државата. Овде сега работи претседателот на Собранието, кој пречекува делегации, министри, амбасадори – им беше објаснето на децата. Потоа ги поведе и низ Фоајето пред Кабинетот на претседателот, низ салата „Македонија“, Кристалната сала, Струшка сала, Охридска сала, Малиот свечен салон, Сала на Влада.