Во месец октовмври тимот на Црвениот крст реализраше неколку активности кои имаа задача да ги промовираат хуманите вредности во нашето училиште.
Првата активност беше реализрана во соработка со општинската организација на Црвен крст –Гази Баба по повод неделата на борба против гладта, од 16 до 22 октомври се одвиваше кампања под мотото „Помислете и на нас“.
Со oваа кампања беа обезбедени 10 пакети со храна и хигиенски средства .
Пакетите се донираа на ученици од нашето училиште кои припаѓаат на ранливите категории.
Се надеваме дека со оваа скромна донација им помагаме во овие околности на пандемија.
Втората активност ја реализраа вработените кои собраа финансиски средства и набавија храна и хигиенски средства кои ги донираа во рамките на големата хуманитарна акција организирана од страна на Општина Гази Баба.Оваа акција беше подржана и од родителите и ученците кои исто така донираа производи и хигиенски средства.
Училишниот тим на Црвениот крст им се заблагодарува на сите кои беа дел од оваа хумана акција !
И секако на крај би сакале да потсетиме на тоа да ги почитувате мерките за заштита од Covid-19, одржувајте хигиена, носете маска и внесувајте редовно сезонско овошје и зеленчук !