Активности на ЕКО –Тимот за месец ОКТОМВРИ
Во месец Октомври ЕКО тимот на нашето училиште ги одбележа настаните од Еко календарот:
– 8 октомври-Меѓународен ден за намалување на уништувањето на природата
Изработка цртежи за последиците од загадувањето на планетата Земја од учениците
Цел на активноста е одржувањето на чиста и здрава животна средина, рационалното искористување на природните ресурси и чувањето на биолошката разновидност на нашата планета
-15 октомври -Меѓународен ден на пешаците
Ве потсетуваме на флаерите кои учениците секоја година традиционално ги делеа на локалното население со информации за придобивките од пешачењето
Цел на активноста е да се подигне јавната свест за придобивките од пешачењето ,да се подигне свеста на пешаците како учесници во сообраќајот и да се подигне свеста за безбедноста на пешакот во сообраќајот
-16 октомври- Меѓународниот ден на храната
По тој повод учениците изработија презентација насловена како “Здрава храна –Здрави деца” и напишаа кратки пораки кои сите ние треба да ги практикуваме
Целта е да допринесе за подигање на свеста за здравата храна и важноста на правилната исхрана во перидот на раст и развој кај децата.