Од 8-23 Октомври 2022 се одржа Европската недела на кодирање иницирано од пошироко членство со цел да го приближи кодирањето и дигиталната писменост до секого на забавен и интересен начин.
По повод Европската Недела на кодирање, #СоdeWeek, беа реализирани активности за развивање креативност, решавање проблеми и соработка преку програмирањето..
Ученивите од деветто одделение реализираа активност Основи на програмирање со studio.code.org со цел совладување на алгоритамско размислување преку игра.
Учениците од седмо одделение креираа игри во Scratch. Кодирањето им помогна да станат подобри решавачи на проблеми, да го прошират разбирањето за тоа како функционира технологијата и да развиваат вештини и способности да истражуваат нови идеи.