Mобилност на наставници во Португалија во рамките на Еразмус+ проектот BARCODE – ‘Best Achievable Results in Coding’

„Баркод“ е проект Еразмус плус во кој учествуваат пет партнерски училишта и кој ќе се спроведува под раководство на Гимназијата Кретингос Р. Видмантаи од Литванија. Покрај основното училиште Дане Крапчев во Скопје, во проектите се вклучени Information Technology High School, Belgrade од Србија, Agrupamento de Escolas de Portela e Moscavide во Португалија и средното училиште TOKI во Турција.

Учесниците во втората од  петте мобилности во проектот беа обучени за алгоритамско размислување, едноставно програмирање, за да може техниките за кодирање да се интегрираат во наставата. Тие ќе можат да користат креирање алгоритми како наставна алатка во области како што се математика, странски јазик, природни и општествени науки и уметничко образование. Со примена на овие методи и техники, учениците ќе го зголемат квалитетот на образованието и ќе им овозможат да ја подобрат својата образовна средина.

Цели на проектот:

Зголемување на степенот на примена на иновативни наставни методи;

– Разбивање на предрасудите за примена на иновативни наставни методи;

– Подигнување на свеста за важноста на методите за кодирање како една од алатките што се користат за учење на учениците за вештините на 21 век.

Активностите на проектот:  

02.05.2022

На првиот ден од мобилноста на проектот Еразмус + КА 229 – Алгоритамски пристап, партнерите од петте држави учесници во BARCODE програмата за кодирање/програмирање имаа кратка заедничка средба за добредојде во училиштето домаќин Escola Secundária da Portela.

Во Escola Secundária da Portela  учесниците се запознаа со образовниот систем во Португалија, проследија презентација за училиштето, нивните програми, постигнувања, мисија и визија.

Потоа  се реализираа следните активности:

Exact Instructions Challenge – видео за алгоритамските чекори кои мора да бидат јасни, прецизни и недвосмислени, за да може да се реши проблемот.

  •  Работилница- Алгоритми во нашата училница- креирање алгоритми за решавање на задачи.
  • Презентација на алгоритми креирани за различни училишни предмети
  • Работилница- од алгоритам до програм
  • Во попладневните часови – традиционалнa музика и танци и дегустирање на традиционална храна од сите учесници

03.05.2022

На вториот ден од мобилноста се запознавме со одлични примери на  преокти за кодирање. Започнавме со  Алгоритми во геометријата, Алгоритми и програмирање во физика, биологија ….

Беше реализирана работилница “Алгоритми и програмирање“ користејќи:

Визуелни јазици, Роботи, Arduino

  • Беше презентиран одличен пример – начинот на живот на децата со попреченост.
  • Беше презентиран одличен пример – начинот на живот на децата со попреченост.

Подоцна го посетивме основното училиште  Escola  EB1 of PORTELA, бевме топло дочекани од наставниците и учениците кои ни раскажаа еден обичен училишен ден.

По ручекот го прифативме предизвикот  на наставникот по роботика  Пауло Торкато – да програмираме робот кој треба да излезе од лавиринтот!

 

04.05.2022

Третиот ден беше многу интересен и полни со активности. Не само што ги проучувавме алгоритмите и кодирањето, туку научивме многу за португалскиот начин на живот, неговата култура и традиции. Имавме долга прошетка низ Лисабон, при што се запознавме со историјата и архитектурата на Лисабон.

Го посетивме Осеанарио де Лисабоа со неговите моќни изложби и огромниот аквариум кои им помагаат на посетителите да развијат страст за учење и ги охрабруваат луѓето да ги почитуваат океаните. Бевме поканети да го посетиме и Павилјонот на знаењето – интерактивен научно-технолошки музеј кој има за цел да ја направи науката достапна за сите, стимулирајќи експериментирање и истражување на физичкиот свет.

05.05.2022

И следниот ден продолживме со разгледување на Лисабон

-кулата Белем каде се наоѓа споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија

– стариот град      

– градот Синтра, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства.. Палати и градини се издигаат меѓу карпи, водопади и бездни, меѓу манастири изградени на зачудувачки височини.

Кабо да Рока – најзападната точка на континетална Европа, нé остави занемени со прекрасната глетка на Атланскиот океан.

 06.05.2022

Последниот ден од проектот беше реализирана работилница за Алгоритми и програмирање и креирање на едукативни игри,

Учесниците ги искажаа своите впечатоци од оваа средба, споделија што научија ново и ја истакнаа важноста на искуството што го размениле меѓусевно. Беше спроведена и евалуација на реализацијата на активностите и  постигнувањето на резултатите.

Разговаравме за нашите идни активности и мобилности; ги испланиравме датумите и роковите

Мобилноста заврши со свечено доделување на сертификати.