„Barcode” (Best Achievable Results in Coding) – „Дане Крапчев“ домаќин на третата мобилност
„Баркод“ е проект Еразмус плус во кој учествуваат пет партнерски училишта и кој ќе се спроведува под раководство на Гимназијата Кретингос Р. Видмантаи од Литванија. Покрај основното училиште Дане Крапчев во Скопје, во проектите се вклучени Information Technology High School, Belgrade од Србија, Agrupamento de Escolas de Portela e Moscavide во Португалија и средното училиште TOKI во Турција.
Домаќин на третата мобилност беше ООУ “Дане Крапчев“ од Скопје, С. Македонија. Учесниците беа обучени да ја користат програмата Scratch и да стекнуваат способност, техниките на кодирање да ги интегрираат во наставата. Тие ќе можат да користат кодирање како наставна алатка во области како што се математика, странски јазик, природни и општествени науки и уметничко образование.
Со примена на овие методи и техники, ќе се подобри логичното и алгоритамското размислување на учениците и способноста да се преиспитуваат идеите.
Цели на проектот:
– се развиваат методи за одговорно и редовно решавање на проблеми;
– обезбедува учење на основите на програмирањето;
– зголемување на степенот на примена на иновативни наставни методи;
– ја поттикнува употребата на колаборативно учење во размена на информации.
разбивање на предрасудите за примена на иновативни наставни методи;
– подигнување на свеста за важноста на методите за кодирање како една од алатките што се користат за учење на учениците за вештините на 21 век.
Активностите на проектот:
03.10.2022
Третата мобилност од Проектот Erasmus+ KA-229 Barcode се реализираше во ООУ “Дане Крапчев“ Скопје. Наставници од Литванија, Србија, Португалија и Турција беа топло пречекани со кратка програма во која беа вградени културата на секоја земја.
Подоцна во текот на денот се реализираа следните активности:
– Ice breaking игри : Сите учесници играа неколку игри за да се запознаат и да ја подобрат работната средина.
– Се запознаа со програмскиот јазик Scratch и неговата работна околина. Секој учесник отвори сметка на Scratch. На учесниците им беше прикажана колекцијата примероци од проекти изработени во Scratch.
Активноста заврши со „Создавање уметнички работи“ која вклучува креирање цртеж со повторување на геометриска форма 72 пати.
04.10.2022
Денот започна со експеримент по биологија каде наставниците издвоија ДНК од банана.
Продолживме со забавна работилница „Rocket design“ каде дизајниравме едноставни и лесни изработки од хартија.
Ученици од 7 одд. демонстрираа игри во Scratch и научивме за различни движења на фигури.
Потоа учесниците создава сопствена игра во Scratch.
Денот го завршивме со пешачење на планината Водно и се восхитувавме на прекрасниот поглед од врвот.
05.10.2022
Третиот ден на мобилност во С.Македонија беше посветен на разгледување на природните и културните богатства што ги нуди Македонија.
На планината Бистра, покрај реката Радика, посетен е манастирот Св.Јован Бигорски.
Потоа групата отпатува до „бисерот на Балканот“, градот Охрид, каде ја виде старата чаршија, уживаше во погледот на манастирот Св. Јован Канео на брегот на Охридското Езеро и се восхитуваа на старата архитектура на градот.
06.10.2022
Четврти ден на мобилност во Македонија започна со посета на канцеларијата на општина Гази Баба каде нè пречека генералниот секретар и советникот за образование.
Потоа ја посетивме стручната гимназија „Владо Тасевски“ каде имавме можност да го разгледаме училиштето и да се запознаеме со различните образовни програми што ги нуди. Исто така, присуствувавме на неколку работилници организирани од средното училиште.
По ручекот беше церемонијата на доделување сертификати на сите учесници во проектот а вечерта имавме заедничка традиционална вечера.
07.10.2022
Мобилноста во Македонија ја завршивме со посета на кањонот Матка. Имавме можност да уживаме во неверојатната глетка пловејќи со бротче во најстарото вештачко езеро во земјата. Имавме можност да посетиме и една од многуте пештери во Кањонот, кои се најфасцинантните спелеолошки паркови во светот.
Се надеваме дека бевме добри домаќини и дека сите ќе се сеќаваат на нашата мала земја со голема наклонетост.