Ова е поважно од сите петки во дневникот!

Sandra Todorovic, 14.7.2016

Моите деца не се одлични ученици. Немаат чувство дека тоа е се што се очекува од нив, па приоритетите си ги одредуваат сами. Мачно ми е секое одење на родителска средба кога наставничката насамо ќе ми рече: “Стиснете ги малку”
image
Отсекогаш им се восхитував на вредните, посветени деца, кои се одлични ученици, тренираат два спортови, свират некој инструмент и подеднакво се успешни во се. Им завидував на родителите кои имаат такви деца, посебно нив, на вложениот труд и снага сето тоа да го организираат и остварат. Срцето ми беше полно заради сликите на социјалните мрежи каде што децата ги бакнуваат своите златни пехари, а не знам ни кои се, ни чии се.

Моите деца не се одлични ученици. Немаат чувство дека тоа е се што се очекува од нив, па приоритетите си ги одредуваат сами.  Мачно ми е секое одење на родителска средба кога наставничката насамо ќе ми рече: “Стиснете ги малку”. Стискам и премногу, но изгледа тоа не е доволно. Посилно да стискам не умеам. Што воопшто значи, стискајте ги?

Се нервирав, ме болеше, бидејќи сакав да им покажам колку е успехот прекрасна работа и колку човек на крај се чувствува гордо. Во еден момент сфатив дека сакам и очекувам да го постигнат мојот успех од училиште и дека тоа е невозможно. Тие не се јас. Јас не умеам да им создадам чувство дека по часовите на училиште, треба да учат уште четири часа.

Сами се по цел ден додека сум на работа. За тоа време учат многу малку. Ја завршуваат домашната, а потоа прават сосема неверојатни работи. Тоа е она заради што сум горда на нив. Тоа се нивните златни пехари, со моето име изгравирано на нив. И никогаш не се објавени ниту на една социјална мрежа.

Моите мали девојчиња одлучиле да ми направат торта. Вистинска. Одозгора со шлаг. Нашле некој едноставен рецепт на интернет и ми ја направиле за роденден. Ставиле и свеќи. Заштедиле од ужината. Тој ден не јаделе на училиште за да стават бројка 40 на мојата торта. Син ми ги поправил фиоките кои се разлабавиле. Тогаш плачев, а и тие плачеа. Ја изедовме тортата, а потоа ги однесов на ќебапчиња.

Добивав саксии со насадено цвеќе, грашок со шеќер, домашен печен леб (се сеќавам дека делуваше како нешто дрвено), поправени кваки, средена тераса, со чаша ладен сок, кој ме чека на масата. Ме дочекуваа со омилените песни кога ќе влезев дома.

Ми пишуваа песни, цртаа ремек дела на кои пишува дека се за мене и дека сум јас најдобрата мајка на светот. Куп поклони направени од крпчиња, стапчиња за сладолед, лак за нокти и резанци. Мојата бела, досадна спавача ја исцртаа со фломастери, да биде шарена за спиење и поубаво да сонувам. Ја исчистиле кадата и умивалникот, спростриле алишта. Ја менуваа сами својата постелнина, а кај мене ја ставаа омилената, портокаловата. Ми правеа обетки од цреши кои сами ќе ги набереа, ме тешеа кога ќе дојдеа претешки денови. Не грижи се мамичке, се ќе биде во ред. Одеа по набавки, го бањаа кучето и го носеа на ветеринар. Му помогнаа на другарчето околу некој проект за на училиште.

Ми го масираа и мачкаа грбот еднаш кога се укочив и лежеа покрај мене додека не заспијам. Ми правеа чаеви кога бев болна. Илјадници утрински кафиња ме имаат дочекано на тераса. Носеа мачиња, кучиња и желки дома, за заедно да ги спасуваме. Ми ги оставаа најсмешните пораки на фрижидерот, ја разбираа мојата одлука да не живеам со нивниот татко. Отсекогаш беа мојата снага, мој двигател, моја инспирација. Моја екипа.

Нивните големи дела, ги прават нив тројцата најголеми личности во мојот живот. Од мене не зборува пристрасноста туку гордоста на тоа што во својот дом направив расадник на квалитетни луѓе кои ќе се снајдат во животот каде и да се. А тоа не може да го замени ниту една петка од математика, физика и хемија.

Одбележан е меѓународниот ден за здрава храна

На 16-102016г. По повод Меѓународниот ден на храната, во нашето училиште се оджа предавање за здрава храна, кое го реазлизраа ЕКО тимот и тимот за соработка на родители. Во присуство на родителите ,наставниците и учениците се одржа едукативно предавање на тема Јаболко-кралица на овошјето , со цел подигање на свеста за здрава храна  ,,Кампањата за здрава храна,, има задача да ги потикне учениците да ги заменат нездравите ужинки, со храна која е здрава  и богата со витамини.

2016-10-17-15-52-03-1 nnn

Ајде Македонија!

На ден 30-09-2016-петок во нашето училиште  се спроведе еко акција за собирање на стара хартија, е-отпад и пластични шишиња.
И оваа година ја подржуваме акцијата за справување со отпадот – Ајде Македонија! Во  кампањата за справување со отпад учествуваа ученици од сите одделенија. Отпадот беше донесен во нашето училиште , собиран во текот на двете смени на посебно означени места и истиот правилно  се одложи.

Да ставиме крај на дивите депонии и нечистотијата по нашите улици!

Еко тимот

14463259_1498285286866855_3650123343298869807_n 14485036_1498285333533517_8508801084434932127_n 14457417_1498285426866841_3427599195585730834_n