Традиционално и оваа година во нашето училиште се одбележа 22 Март –Денот на водата. За да ја истакнеме важноста и грижата за овој природен ресурс нашиот екот тим изготви флаери, преку кои се надеваме дека ќе ја подигнеме свеста на повисоко ниво. Изработивме пано на тема “Вода” и во соработка со oпштината и ЈП “Водовод и канализација” – Скопје добивме промотивен материјал за заштита на подземните води, кои ги истакнавме на видно место со цел информациите да бидат достапни за сите. На часовите по природни науки и биологија учениците проследија видео материјал коj го израбтија од ЈП“Водовод” за заштита на подземните води како клучен сегмент на водениот фонд. Дискутираа за значењето на водата, изработија пораки со апел за штедење и чување на водата и направија обиколка на резервоарите за собирање на дождовница кои се поставени во нашето училиште.