Реализирани обуки за наставници во “ООУ Дане Крапчев”
Наставниот кадар и стручните соработници при ООУ„Дане Крапчев“ интензивно се подготвуваат за on-line наставата во новата учебна година. И оваа година на веб страната на нашето училиште, се изработува платформа “Учи од дома 2020/21”.
Од 18 до 21 август преку апликацијата Zoom се одржаа повеќе обуки со цел да се споделат искуства и знаења и сите наставници подготвени да ја почнат новата учебна година.
На 18 и 19 август се спроведе обука за користење на Google drive, за потребите на платформата– “Учи од дома 2020/21” на нашата веб страница. Обуката се состоше од насоки како секој наставник да направи папки, да прикачува материјали за учениците и истите да ги организира и споделува.
На 20 август се спроведе обука за користење на Edmodo. Беа дадени насоки како секој наставник да креира профил на Edmodo и групи за секоја паралелка. Потоа беше објаснето како учениците со кодовите кои ги добиваат од наставниците, да креираат профил и да се приклучат кон нивната група. На оваа платформа учениците ќе ги праќаат одговорите на зададените задачи. Откако наставникот ја прегледува задачата, ја бодува и на тој начин автоматски се прави портфолио на секој ученик. И наставникот и ученикот може да го следат напредокот. Со симулација сето тоа беше практично покажано.
На 21 август се одржа обука за користиње на апликацијата Zoom, како да се се отвори сметка, да се закаже и одржи час, како да се снима час со помош на оваа апликација.
Во таа насока, како дополнителна поддршка на мејл на наставниците им беа испратени кратки туторијали за користење на овие апликации. Исто така на платформата “Учи од дома 2020/21” се поставија туторијали наменети за учениците.
Обуките за Google drive и Edmodo ги водеа Анета Митевска, наставник по француски јазик и администратор на нашата веб страна и директорот Виолета Стоилевска, а обуката за Zoom ја реализираа одделенските наставници Тања Метикош и Елизабета Георгиевска.