ТИВКАТА ТРАГЕДИЈА КОЈА ЈА ЖИВЕАТ НАШИТЕ ДЕЦА
Ова се деталите:
– Едно од пет деца има ментални проблеми
– Хиперактивноста е зголемена за 37%
– Тинејџерските депресии се зголемени за 37%
– Стапката на самоубиства меѓу деца од 10 и повеќе години е зголемена за 200%
Се обвинува образовниот систем, генетиката и слично, но најголема вина имаат родителите. Научно е докажано дека мозокот има можност да се прилагодува на средината. Во таа средина, спаѓа и родителството и на тој начин го насочуваме нивниот мозок во погрешен правец. Што всушност не е во ред?
Денешните деца се лишени од основите на здравото детство, како што се:
– Емотивно достапни родители
– Јасно дефинирани граници и насоки
– Одговорности
– Балансирана исхрана и адекватен сон
– Вежби и игри на отворено
– Кретивни игри и социјална интеракција
– Можност за неструктуирано време и досада
Освен тоа, децата добиваат:
– Дигитално зафатени родители, кои постојано гледаат во телефон
– Попустливи родители чии деца се „владетели на светот“
– Чувство за права, но не и за одговорност
– Неадекватен сон и небалансирана исхрана
– Седење, недвижење и живот во затворено
– Бескрајна стимулација со технолошки „бејбиситерки“
– Моментален успех и отсуство на било каква досада
Како тоа да се поправи?
Потребно е враќање на основите. Поставете граници како родители и запаметете дека сте родител на вашето дете, а не пријател. Дајте им го на децата она што им е потребно, а не само она што го сакаат. Не се плашете да кажете „Не“ за одредени работи.
– Обезбедете квалитетна храна
– Поминете еден час дневно во зелен простор,природа
– Имајте семејна вечера без употреба на мобилни телефони
– Играјте по една друштвена игра дневно
– Детето нека биде задолжено за една домашна работа дневно (да ги среди играчките, облеката и слично)
– Одредете време за спиење и не користете технологија за заспивање
– Учете ги на одговорност и независност
– Не ги штитете премногу од мали пропусти, тоа ги тренира нивните вештини кои се потребни за преоѓање преку поголемите животни предизвици
Научете ги вашите деца самите да можат да се грижат за себе и не ги завршувајте сите работи наместо нив. Учете ги да бидат трпеливи и да не ја избегнуваат досадата по секоја цена, бидејќи таа ја буди креативноста. Бидете емоционално достапни за нив и намалете го користењето на технологијата.
Воспитувајте ги да бидат културни и учтиви, да ги почитуваат другите. Учете ги да се соочат со фрустрациите и бесот и поврзувајте се со нив емотивно. Не е доцна за воспитување на морално, етички и емоционални здрави генерации.