На 04.07.2017 во хотелот „Дрим“, г-ѓа Изабел Марки-Барбо, Директорка на Францускиот инстут во Скопје, свечено го отвори 19-тиот Летен универзитет во Струга.
На отворањето збор зедоа и: г-ѓа Флоранс Коз од Францускиот институт во Србија, г-ѓа Соња Радкова од Франкофонскиот центар за обуки во Софија (CREFECO) и г-ѓа Марија Николова, одговорна за #Франкофонија при Министерство за образование и наука на РМ.
На универзитетот учествуваат 90 професори по #францускијазик и професори кои предаваат други наставни предмети на француски јазик во двојазичните #франкофонски паралеки, и тоа од 9 земји: Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија, Македонија, но и од Романија, Молдавија и Ерменија.
На универзитетот присуствуваат и наставниците по француски јазик од нашето училиште
Јасмина Ѓоргиева Анета Митевска
Летниот универзитет се затвора на 7 јули