Флаерот на нашето училиште за учебната 2017/2018 година

ВИЗИЈА И МИСИЈА

Нашата  визија е:  Со труд да го достигнеме врвот! Трудот е тој кој што обезбедува останување на врвот.

Ние сме креатори на нашата иднина. Се стремиме да се создаде училишна средина со современ стил на учење и комуникација. Моето училиште e мое огледало. Создаваме средина во која нашите ученици ќе се стекнат со вештини и знаења кои ќе им помогнат да се изградат во здрави и одговорни личности подготвени за предизвиците во живот. За нашиот успех далеку се слуша. На врвот се стигнува тешко, но уште потешко се останува.

Услови за работа

Училиштето оваа година почна да работи со 20 паралелки од I-V одд, 16 паралелки од VI-IX одд. и две групи дневен престој. Запишани се  810 ученици. Наставата се изведува на македонски јазик во 12 класични училници,  14 специјализирани училници (кабинети), 1 просторија за дневен престој и 1 фискултурна сала. Училиштето располага со библиотека, кујна и трпезарија.Заради подобрување на просторните услови за работа и создавање стимулативна средина за работа и учење сите училници се опремени со ЛЦД проектори. Реконструиран е системот  за парно греење и  е комбинација на нафта и пелети. Училишниот двор од предната страна  е ограден со нова метална ограда. Поставена е термофасада на фискултурната сала.

Раководен наставен и административен персонал

Број на вработени

67

Број на наставен кадар

50

Број на стручни соработници

3

Административни работници

2

Техничка служба

11

Директор

1

 

Подрачја на промени, приоритети и цели

За оваа учебна година се утврдија следните приоритети:

  

Кодекси на однесување и оценување

Во училиштето веќе неколку години се воспоставени кодекси на однесување за учениците, наставниците и родителите како и етички кодекс за оценување на учениците кој се почитува од учениците, наставниците, родителите, директорот, стручните соработници како и локалната заедница.

Права и обврски на учениците

~ Забрането е телесно и психичко малтретирање на ученикот.

~ Ученикот има обврска редовно да ја посетува наставата и да ги исполнува планираните обврски и задачи.

~ Ученикот може да одсуствува од настава ако родителот го најави неговото изостанување.

~ Кон ученикот кој не ги извршува обврските и ги повредува правилата -кодексот на однесување се применуваат следниве педагошки мерки: усна опомена, писмена опомена, укор, намалување на поведението, преместување во друга паралелка, преместување во друго училиште. Во училиштето постојат критериуми според кои се изрекуваат педагошките мерки.

~ Ученикот кој покажува значителни резултати во наставата и воннаставните активности се пофалува или наградува според утврдените училишни  критериуми.

 

 

Изборна настава

Постапката за изборот на изборните предмети во училиштето се изведува согласно Процедурата за изборни предмети. Од анкетирањето на родителите изборна настава ќе се изведува  по следните предмети во следните одделенија:

Изборен предмет

Одд.

Етика во религиите и класична култура во европската цивилизација

VI

Техничко Образование

VII

Проекти од музичка уметност и вештини за живеење.

VIII

Проекти од информатика

IX

Мулти- културализам

Во учебната 2017/2018 год. се планирани низа активности кои ќе ја вклучат меѓуетничката интеграција во наставата. Меѓу другото, во училиштето ќе се организират повеќе наставни и воннаставни активности како во самото училиште, така и во соработка со партнер училиштето во кои ќе бидат вклучени ученици од сите етнички групи од 1 до 9 одделение. Во нив исто така ќе бидат вклучени наставници, родители, претставници од локалното население и од месните заедници, претставници од општината и од бизнис секторот.

Преку овие активности ќе се подобри соработката меѓу учениците, наставниците, родителите и сите останати од најразлично ниво и од различна етничка припадност. Учениците меѓусебно подобро и почесто ќе соработуваат со што ќе се зајакне атмосферата на меѓусебно разбирање и почит меѓу сите индивидуи и заедници. На тој начин ќе се развие свеста за прифаќање на различноста  и почит кон различните јазици, културата и обичаите на другите етнички групи.

 

Културно-забавен тим на училиштето

Активностите на  културно-забавниот тим ќе се реализираат преку  одбележување на:

~ почетокот на учебната година. и прием на првачињата,

~  Денот на суверена и независна Македонија,

~ Денот на Востанието на македонскиот народ ,

~ Ден на Македонската револуционерна борба,

~ Денот на ослободувањето на Скопје,

~ Денот на Св. Климент Охридски,

~ пречек на Нова година,

~ Патронот на училиштето,

~ 21 Март- Денот на Екологијата,

~ 24 Мај-Ден на Словенските просветители Св. Кирил и Методиј и смртта на Дане Крапчев

Детска организација

Во учебна 2017/18 год. со цел во наставата да се посвети внимание на значајните датуми и настани од секојдневниот живот:

~ 16  Септември – Светски ден за заштита на озонската обвивка

~ 22  Септември- Меѓународен ден без автомобили

~ 8  Октомври -Меѓународен ден за намалување и уништување на природата

~ 15  Октомври  -Меѓународен ден на пешаците

~ 16  Октомври -Ден на јаболкото

~ 20  Октомври-Ден на младите и граѓаните на Р.М.

~ 7  Ноември     -Ден на еколошка акција на младите и граѓаните на Р

~  Ноември-    Ден на дрвото

~ 5  Март- Светски ден за заштеда на енергијата

~ 21 Март -Ден на пролетта

~ 22  Март -Светски ден за заштеда на водите

~ 7 Април -Еко ден на нашето училиште

~ 7 Април -Светски ден на здравјето

~ 22  Април -Светски де на планетата Земја

~ 15  Мај-Светски ден за заштита на климата

~ 31 Мај-Светски ден против пушењето

~5 Јуни -Светски ден за заштита на животната средина

ЕКО училиште

Еко патролите се составени од двајцата дежурни ученици , согласно со распоредот за дежурства на влезната врата кој ги вклучува учениците од VI до  IX одд..,при што учениците имаат задолжение да ја следат состојбата во училишните ходници и аула,училници и тоалети согласно со еко стандардите и листите за следење на состојбата. Еко патролите се должни секое непочитување на екокодексот да го забележат и  пријават. Како новитет се воведува задолжение за учениците од IX одд. училиштето.

 

Натпревари

Ученичките натпревари се оранизираат со цел да ги подобриме постигањата на учениците, да го стимулираме развојот на позитивните особини кај нив, довербата во сопствените можности како и нивниот интерес за сопствен напредок и лично афирмирање. Ќе бидат организирани: натпревар во знаење, спорт, литературно и ликовно творење.

 

Училиштен спорт

Во учебната 2017/18 год. планирани училишни спортови се спортските игри: футсал за машки, футсал за девејчиња, кошарка машки, кошарка девојчиња, одбојка девојчиња, ракомет девојчиња, пинг-понг.

Цели: –да ги усвојува и увежбува основните спортско-технички знаења од спортските игри., да ја одржува општата моторика како и спечифичната моторика кај спортските игри, Да соработува и учествува во тимска работа.

Да поседува фер-плеј способности и однесувања во натпреварите.

Да се ослободува од стрес состојби.

Да создава и применува здравствено хигиенски навики во вежбањето и спортувањето.

Ученички екскурзии

Екскурзии / Излети

Време на изведување Релација

Одд.

Еднодневен есенски излет

Октомври

Maрков манастир

IIIX

Еднодневен пролетен излет

Април/Maj

Пеленица

IIIX

Дводневна екскурзија

Април/Мај

 

Источна Македонија

VI

Тродневна екскурзија

Септември/Октомври

Западна Македонија

IX

Настава во природа

Април/Мај

 

Западна  Македонија

V

                      

Личен професионален развој на наставниците

Во училиштето се планира поединечно следење на напредувањето на наставниците и нивното вреднување преку работата на тимот за “Професионален развој на наставниците во училиштето“, како и водење на педагошки картон за наставниците. За таа цел наставниот кадар, стручните соработници и Директорот, посетија обука за оваа проблематика. По добиените сознија присутните ги идентификуваа слабите и јаките компетенции и секој од нив изработи Личен план за професионален развој, така што компетенциите се имплементираа во Планирањата на стручните активи на училиштето.

Преку работата на тимот за “Професионален развој на наставниците во училиштето“, ќе се координира работата на стручните активи и унапредувањето на компетенциите на наставниот кадар, стручните соработници и Директорот.