Упис на ученици во I одд во учебна 2022/2023 год.

Врз основа на член 60 и член 183 став 3 од Законот за основно образование (Сл.весник бр.161 /19) и општинско основно училиште ,,Дане Крапчев“ – Скопје објавува ПОКАНА за запишување ученици во прво одделение во учебната 2022/2023 годинаПраво за запишување во прво одделение имаат:- деца родени 2016 год., односно кои до крајот на календарската 2022 година ќе наполнат 6 години. – деца кои до 31 јануари 2023 ќе наполнат 6 години, по барање на родителот и со добиено мислење од педагог и психолог од училиштето.

За запишување во прво одделение потребни се следните документи:

• Лична карта од родител – на увид

• Извод од матична книга на родени за детето (може и копија)

• Врз основа на член 60 став 2 при запишувањето на детето во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави:

1. потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа. Потврдата за примени вакцини треба да се извади од советувалиште за вакцини или т.н. вакцинални пунктови.

2. Потврда од стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа. Потврдата за систематски преглед на заби може да се извади од поликлиника, каде што има ординација за детска и превентивна стоматологија.

3. Потврда од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа.

4. За запишување на дете со попреченост во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави и Мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

5. За запишување на детето кое ќе наполни шест години до 31 јануари 2023, потребно е претходно родителот односно старателот да поднесе писмено Барање за запишување во училиштето и по добиено позитивно Мислење од педагог и психолог на училиштето.

Родителот/старателот потребно е најпрво да пополни Пријава за запишување на детето. Запишувањето може да се врши со електронска пријава на услугата https://uslugi.gov.mk или со физичка пријава во рамките на училиштето секој работен ден од 08 до 16 часот. Телефон за контакт 02525292. По доставената пријава родителот/старателот ќе биде контактиран телефонски од страна на Комисијата за запишување во прво одделееление. Пред да се изврши опсервација на детето родителот/стратаелот е должен да достави комплетна документација за детето според огласот. Реонизација на училиштатаВрз основа на член 63 од Законот за основно образование (Сл.весник бр.161 од 05.08.2019 год.:

– Родителот, односно старателот има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува.

– Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон.

– Родителот, односно старателот може да го запише детето во друго основно училиште во истиот или друг реон ако за тоа има согласност од училиштето во кое се запишува и од училиштето од реонот во кој живее или каде што постојано престојува.

– Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување или доколку ученикот од другиот реонили општина нема можност за следење на наставата на својот мајчин јазик во својот реонодносно општина.

НАПОМЕНА:

– Родителот, односно старателот ако ученикот не го запише во рокот утврден во членот 60 став (2) од Законот за основно образование , ако не му овозможи на своето дете да ја исполни обврската за задолжително основно образование и воспитание (член 8 став (2), пропишана во Законот за основно образование, за која е должен, одговорноста ја сноси родителот, односно старателот. ООУ„Дане Крапчев“ Скопје Комисија за упис на ученици во прво одделение