ДОНАЦИЈА ЗА УСПЕШНО ПРОМОВИРАЊЕ ГРАЃАНСКИ ВРЕДНОСТИ И ПОТТИКНУВАЊЕ НА ДЕМОКРАТСКА КЛИМА ВО УЧИЛИШТЕТО
Како потврда за досегашните заложби за промовирање граѓански вредности , поттикнување демократска клима во училиштето и зголемување на активната улога на учениците во училишниот живот и заедницата, нашето училиште доби донација во техничка опрема и материјали .
Донацијата е овозможена преку Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) , финансиран од УСАИД , а имплементиран од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование.
Техничката опрема (преносниот компјутер и ЛЦД проекторот) ќе бидат користени во наставата по Граѓанско образование и во сите други активности кои поттикнуваат развивање на граѓански компетенции, ги поттикнуваат учениците за превземање иницијативи и го промовираат ученичкото учество во училиштето.
Материјалите ( бележници и постери за планирање на ученички иницијативи) ќе помогнат во постигнувањето на наставните цели и унапредувањето на наставата.
Добиената донација поттикнува на уште поголем ангажман и активно работење на сите субјекти за зајакнување на демократската клима во училиштето.