На 17 ноември 2017 во ООУ Дане Крапчев се одржа ателјето за дисеминација на обуката “Иновирање, креирање и мотивирање во наставата “ и на истото присуствуваа 32 наставници од училиштето. Ова атеље беше анимирано од наставничката Анета Митевска, која учествуваше на обуката која се одржа во август,во Охрид, организирана од OIF – Меѓународната организација на Франкофонијата во соработка со МОН
Цели на обуката :
- Да се откријат нови стратегии за иновирање и креирање на час
- Примена на разни прогресивни вежби кои се базираат на забавни игри
- Да се мотивираат учениците и часот да биде подинамичен
- Вреднување на способностите на секој ученик
- Да се поттикне работа во групи
- Да се создаде поволна работна клима на часовите
Програма на атељето:
Во текот на атељето беа претставени разни активности, интернет ресурси и игри кои ќе ја поттикнат мотивацијата кај учениците и ќе го олеснат учењето.
Атељето на дисеминацијата се одвиваше во најдобри можни услови, во прекрасна атмосфера а тоа пред се беше можност за дискусија и размена на искуства меѓу наставниците од предметна и одделенска настава.