Дводневна екскурзија во Дојран
На 14 и 15 Мај се изведе дводневна екскурзија со учениците од шестите одделенија во Дојран . Попатно беа посетени градовите Кратово, музејот, саат кулата „Златкова кула“, „Радин мост“; музејот во Виница; Берово , Беровското Езеро; ноќевање во Дојран х.„Полин“; Струмица , познатите Колешински Водопади, Манастирот „Водоча“, Радовиш – храмот „Света Троица“ .
Учениците имаа можност да се запознаат со природните убавини и знаменитости на нашите краишта, нивните природно-географски обележја, со релјефот, вегетацијата на овие простори. Покрај тоа тие исто така се запознаа со историјата на овие простори, со што развија позитивен став кон спомениците и природната околина. На тој начин тие развиваа позитивен однос кон животната средина како и чувство за одговорност, свесна дисциплина, другарство , меѓусебно почитување, позитивен дух и подобри меѓусебни односи.