Според наставниот план во училиштето се остварува и организира:
Задолжителна настава;
Изборна настава;
Дополнителна настава;
Додатна настава;
Продолжителна настава;
ВОННАСТАВНИ АКТИВНОСТИ
Воннаставните активности претставуваат интегрално мошне значајно подрачје во севкупната воспитно-образовна дејност на училиштето. Учениците имаат можност да се вклучат во следните воннаставни активности: Училиштен спорт, Секции и слободни ученички активности, Ученички натпревари, Општествено хуманитарна работа, Ученички екскурзии, Детска организација, Организација на Црвениот крст, Еко- патроли, Ученичкиот парламент, Ученички спортски активности.
ПОДРШКА НА УЧЕНИЦИТЕ
Училиштето континуирано ги следи постигањата на учениците со цел да им даде поддршка и да ги подобри постигањата. За таа цел се превземаат разни активности: ревидирање на планирањата на наставниците, примена на нови техники,форми , формативно оценување, подобрено сумативно оценување и примена на ИКТ во наставата, примена на средства и технички помагала, индивидуална работа, додатна и дополнителна настава, соработка со родителите и стручните соработници, слободни и воннаставни активности, изготвување задачи по тежински нивоа, квалитетни годишни, тематски и дневни планирања, примена на знаења од обуките во наставата.