ООУ „Дане Крапчев“

Мое училиште, мое огледало

Науката, природата и љубопитноста не водат кон нови предизвици!

​Во рамки на подготовките за претстојниот предизвик – FIRST LEGO League: BIO GLOW 2026/27, ученици од VI до IX одделение реализираа едукативна посета на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.
​Посебно искуство беше престојот во Лабораторијата за биологија и селекција на медоносни пчели, каде учениците одблизу се запознаа со светот на пчелите, нивната биологија и научните истражувања поврзани со нив. Прошетката продолжи во Паркот на пчелата, простор кој на најубав начин ја покажува улогата на овие мали суштества за биодиверзитетот и животот на планетата. 🌼🐝​🐝
​Оваа посета донесе многу нови сознанија, инспирација и прашања кои ја поврзуваат науката со реалните предизвици на денешницата – бидејќи секоја голема идеја започнува токму со љубопитност.
​Искрена благодарност за гостопримството и споделеното знаење до дипл. зем. инж. Горан Алексовски и проф. д-р Иле Цанев.
​Подготвени за BIO GLOW! 💚🤖

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.