














Од 08 до 10 ноември 2016 год. се одржа обука на тема „ Диференцирано учење и индивидуализирана настава во инклузивна училница“ во организација на
Македонски центар за граѓанско образование и УСАИД Македонија во соработка со Бирото за развој на образованието и Министерството за образование. Предавач на обуката беше Д-р Едина Кромпак од Универзитетот за применети науки и уметности, Северозападна Швајцарија, Факултет за обрзование, Базел, Швајцарија.
На обуката беа разработени темите: Клучни елементи на диференцирање, Организација на училница, Измени и прилагодување на наставните планови, Колаборативно учење, Различни видови на оценување итн.
На обуката присуствуваа членовите на инклузивниот тим Тања Метикош – одделенски наставник и Билјана Стојановска наставник по математика. Во наредниот период ќе се реализира дисеминација на обуката за сите наставници од нашето училиште.
На 29.10.2016 год. во нашето училиште се одржа обука „Читаме, учиме и се забавуваме“ што е во рамките на проектот „Со читање до лидерство “ а во организација на Фондацијата за образовни и културни иницијативи – Чекор по чекор и УСАИД – Македонија. На обуката присуствуваа претставници од осум училишта. Од нашето училиште присуствуваа наставниците: Жаклина Атанасовска, Данче Костовска Јакимовска, Наталија Николовска, Елизабета Георгиевска, Тања Метикош, Даниела Торковска и педагогот на училиштето Габриела Пљачковска.
На обуката беа претставени техники за препознавање букви и зборови, читање текст и разбирање текст како и начини за вклучување на семејствата во процесот на описменување на децата. Во наредниот период ќе се изврши дисеминација на оваа обука пред сите наставници од одделенска настава во нашето училиште.