Техники за усна интеракција на часот по француски јазик за подобрување на комуникацијата на француски
Дисеминација на обуката “Техники за усна интеракција на часот по француски јазик за подобрување на комуникацијата на француски “
Ателјето за Дисеминација на обуката “Техники за усна интеракција на часот по француски јазик за подобрување на комуникацијата на француски “ се одржа во сабота, 13 мај 2017 на Филолошкиот факултет Блаже Конески во библиотеката на катедрата за романски јазици и литература од 10 до 17 часот . Ова атеље беше анимирано од учесничките од Скопје на обуката која се одржа во август,во Охрид – проф. д-р Снежана Петрова од Филолошкиот Факултет , Милена Касаповска Чадловска- виш лектор на правниот факултет во Кичево , Сузана Стојчевска- професор во СУГС Орце Николов, Анета Митевска и Јасмина Ѓоргиева наставнички по Француски јазик во ООУ Дане Крапчев .
Цели на обуката :
- Да се откријат нови стратегии за охрабрување на учениците да зборуваат и да напредуваат во усното разбирање и изразување на француски јазик
- Примена на разни прогресивни вежби кои се базираат на забавни игри
- Усно изразување преку симулации и играње улоги – да се работи на слушање и коцентрација, динамика на групата и зголемување на мотивацијата
Програма на атељето:
Теоретските елементи за техниките на усно изразување претставени на почетокот на атељето брзо беа заменети со презентација и реализација на игри
Атељето на дисеминацијата се одвиваше во најдобри можни услови, во прекрасна атмосфера а тоа пред се беше можност за дискусија и размена на искуства меѓу професори по француски јазик од различни нивоа (од основно до факултет)









Поврзани содржини