ООУ „Дане Крапчев“

Мое училиште, мое огледало

Знаењето расте кога го споделуваме, а зелените навики ги градиме заедно!

🌱 Интеграција на еколошки теми во наставата

Наставници од нашето училиште, заедно со наставниците од ООУ „Григор Прличев“ и ООУ „Крум Тошев“, учествуваа на акредитирана обука на тема „Интеграција на еколошки теми во наставата и развивање зелени навики и одговорно однесување кај учениците“. 📚

Обуката, организирана од Министерството за образование и наука (МОН), а реализирана од Academy CES, ја водеше обучувачот Александар Алексовски.

Преку размена на искуства, идеи и практични примери, наставниците имаа можност да размислуваат како еколошките теми да станат дел од секојдневната настава, а грижата за животната средина – навика што се гради уште од најмала возраст. 💡

Затоа што зелените навики не се учат само од книги – тие се создаваат со личен пример и секојдневни постапки! 🌍

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.