Важноста на здравата исхрана, физичката активност и сонот
Училиштето е место каде учениците треба да се информираат како да водат грижа за своето физичко и ментално здравје.
Со таа цел психологот на училиштето одржа работилница со Ученичкиот параламент со игровни активности на тема: “ВАЖНОСТА на ЗДРАВАТА ИСХРАНА, ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ и СОНОТ”.
Целта на оваа работилница беше учениците да станат свесни за своите животни навики:
– редовна физичка активност;
– правилна исхрана;
– доволно спиење;
– корегирање на лошите навики поврзани со физичка активност исхраната и сонот.
Учениците имаа можност да ја согледаат потребата од практикување на здрави животни навики, грижата за физичкото и менталното здравје и својата добросостојба во период на адолесценција.
Активноста ја реализираше психолог- Марина Пазаркоска









Поврзани содржини