Наградени творби на книжевната манифестација „Есен во Гази Баба“

На ден, 2.12.2022 г., во ООУ ,,Григор Прличев” во населба Железара, се одржа книжевната манифестација ,,Есен во Гази Баба”. На манифестација учествуваа и нашите ученици: Евгенија Зафирова од 9-1, Ангел Крстевски и Тамара Додевска од 8-2, под менторство на наставничките по македонски јазик, Елена Малинова и Марија Шереметкоска. Учениците беа меѓу најдобро наградените есеисти од вкупно 129 есеи. Тие имаа можност да се запознаат и да разговараат со еден од најдобрите македонски писатели за деца, Горјан Петревски.

Трето место на конкурсот ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2022”

Нашата ученичка Калина Караџоска освои 3 место во Категорија 1 на конкурсот за најдобра литературна творба ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2022”, – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение.), насловот на нејзината творба е ,,Заштита при работа”, а нејзин ментор е наставничката Даниела Торковска.

Денеска бевме дел од промоција на четвртата збирка песни и раскази „БЗР од мали нозе 2022“ каде е објавена и песната на Калина.

Прво место за детска поезија

За креативноста на нашите литературни творци знаат Македонците ширум светот.

На интернационалната поетска манифестација ,,Сплоти се Македонијо,, на која имаа можност да учествуваат сите Македонци ширум светот, нашата ученичка Катерина Пислевиќ освои 1 место во категоријата детска поезија.

Честитки Катерина, ти посакуваме уште многу успешни творби и награди!

Спорт – Успешен старт на учебната 2022/23 година!!!

Особено е важно младите да ги на­со­чу­ва­ме кон активен спорт бидејќи тоа е алатка што ги надминува сите раз­ли­ки и ги надградува физичките и интелектуалните способности.

На денешниот крос организиран од Општинскиот сојуз на училишен спорт на Гази Баба во СРЦ Хиподром учество земаа повеќе од 300 ученици од сите основни училишта во Општина Гази Баба , нашите ученици настапија во повеќе категории и ги постигнаа следните резултати:

1 место Јасин Јашарај VI одделение 500 метри време: 1:47

2 место Љато-Лусијано Селими VI одделение 500 метри време: 1:52

1 место Марко Ѓорѓиевски VII одделение 600 метри време: 1:59

3 место Матеј Трајановски VII одделение 600 метри време: 2:07

2 место Матеја Добревска VIII одделение 650 метри време: 2:42

2 место Катерина Мирческа IX одделение 750 метри време: 2:56

2 место Стефан Трајановски IX одделение 800 метри време: 2:38

Градоначалникот на Општина Гази Баба г-н Бобан Стефковски на најуспешните ученици им додели медали и дипломи за освоените места.

Честитки за нашите ученици и наставниците по физичко и здравствено образование!

Наградени првенците во Општина Гази Баба

3000 денари за ученикот на генерација – Aлексеј Стојановиќ

Денес градоначалникот Бобан Стефковски имаше средба со учениците на генерација од општинските основни училишта на територија на Општина Гази Баба.

Горди сме на успесите на нашиот првенец Алексеј Стојановиќ

Благодарност до општина Гази Баба и градоначалникот г-н Бобан Стефковски за поддршката на секое поле во образовниот процес во сите училишта на територија на општина Гази Баба !!!

Избор на првенец на генерација

Драги деветооделенци

Се наближува крајот на учебната година а со тоа и крајот на вашето образование во нашето училиште. Дојде време да ја почнеме процедурата за избор на првенец на генерација. Пријавувањето трае до 1 јуни 2022, а документите да се достават кај наставничката Катерина Лукарова. Среќно!

Во продолжение е Правилникот за пофалби и награди

Направи со мене, а не за мене

На 16.11.2021 год. во Даут-пашиниот амам, од страна на ОУРЦ „Иднина“ – Скопје беше промовирана збирка со литературни творби со наслов „Направи со мене, а  не за мене“ напишана од ученици од повеќе општински училишта. Наши ученици и нивните ментори преку своите литературни творења како и преку учество во online работилници дадоа свој придонес кон градење на инклузивната клима и подигање на свеста за прифаќање и почитување на различностите,  особено во делот на врсничка соработка. Делата на Христијан Гочевски-Иваноски, Ања Јовановска и Гораст Стојановски од ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје се едни од делата кои ја збогатуваат оваа збирка. Овие ученици на еден креативен и инспиративен начин ја отсликуваат потребата од промени кои се случуваат во општеството кон постигнување на еднаквост и рамноправност на секој поединец.

ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје доби благодарница за хуманост и соработка.

Сертификати за учество на конкурс за избор на најдобра литературна творба доделени на учениците:

Ања Јовановска

Христијан Гочевски-Ивановски

Гораст Стојановски

Ангела Анѓелкоска

Ангела Илиевска

Илина Нестороска

Ева Наумовска

Михаела Димчова

Бојана Филипова

Признание за учество на литературен конкурс доделени на наставниците – менори:

Катица Стојчевска

Ивона Миленкова

Билјана Трајановска

Лидија Ѓорѓиева

Објавените творби во збирката на учениците од нашето училиште може да ги прочитате на линкот од блогот „Дружината на Дане Крапчев“

Ги собираме плодовите од градината на Дане Крапчев

Денес, 05.06.2021г. беа доделени наградите од учеството на Републичкиот детски литературен фестивал ,,Ракатки-2021,,. Честитки и уште многу успеси во иднина за нашите ученици -Алексеј Стојановиќ VIII 3 – I награда и Лорина Јакимовска IХ 4 – III награда.

Прво место за песна на конкурсот „БЗР од мали нозе 2021“

      На конкурсот „БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2021 година”, песната со наслов БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА  чиј автор е ученикот Христијан Гочевски Иваноски  со ментор – наставничката Билјана Трајановска, од ООУ„ Дане Крапчев “- Гази Баба   беше рангирана и освои награда:

 – Безбедност и здравје при работа , Христијан Гочевски Иваноски – V-1 одд – Прво место во Категорија 1 – Песна на тема безбедност и здравје при работа .

Честитки за ХРИСТИЈАН!

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Секој мора да знае

за утре да не се кае,

животот е еден

но, не секому е меден.

Во рудникот влегува рудар.

Тој мора да е мудар.

На главата да носи  шлем

со македонскиот амблем.

Катастрофа ко од шала,

ќе настане од грешка мала

со хемиски препарати и

електрични апарати.

Здравствениот работник

маска и ракавици да носи ,

неговите најмили

болест  да не ги покоси.

                                                                                                         Христијан Гочевски Иваноски  V-1

 Работното место                                                                       O.O.У:,,Дане Крапчев”-Скопје

 не секогаш е лесно.                                                                  Ментор:Билјана Трајановска

Биди информиран,                                                                    Конкурс за категорија:1

во униформа програмиран!                                

Детски лирски треперења 2020

ЧЕСТИТКИ!!!

Творбата на ученикот Горазд Стојановски од 6-4 одд. под менторство на наставничката Јагода Филиповска е избрана меѓу наградените творби кои ќе бидат учесници на 41. Фестивал за детско поетско творештво „Детски лирски треперења“ кој се одржува од 1969 година во Детското одморалиште РАДОСТИ – Охрид.

Учесниците со одбраните трудови ќе учествуваат три дена на завршната манифестација која што ќе се одржува Детското одморалиште РАДОСТИ – ОХРИД. За датумот на одржување учесниците ќе бидат дополнително информирани. Сојузот
очекува дека состојбите со пандемијата ќе бидат значително подобрени во периодот што следува, па ќе бидат сосздадени услови за безбедно одржување на фестивалот, за што ќе бидат
известени и учесниците и сите заинтересирани страни.


За Фестивалот ќе биде издаден и зборник на песни Крајезерски бранувања-41 Детски лирски треперења во кој ќе бидат застапени наградените песни, наградените творби.

Во прилог е целосното известување