Историски успех: Второ место во светот на FIRST LEGO League
🏆 ВТОРО МЕСТО ВО СВЕТОТ на престижниот натпревар FIRST LEGO League! ✨
Учениците од ООУ „Дане Крапчев“ испишаа историја и го освоија второто место во светот на престижниот натпревар FIRST LEGO League во роботска игра!
Во конкуренција од 55 држави и над 1000 ученици од целиот свет, нашиот тим со освоени 525 бодови се искачи на светскиот врв и покажа дека Македонија има млади умови кои можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите. 🤖
Ова не е само успех – ова е доказ дека трудот, знаењето, упорноста и љубовта кон науката создаваат шампиони! Седум месеци овие млади генијалци живееја за својот сон, поминуваа низ предизвици, учеа, создаваа и веруваа. Сега нивниот труд блеска пред целиот свет! 💡
Искрени честитки и огромна благодарност до наставничката по информатика Марина Пејковска, која со огромна посветеност и знаење го водеше тимот кон овој историски успех.
Честитки и до неуморните менторки Лиле Сарвановска, Билјана Стојановска и Данче Костовска Јакимовска, кои со својата енергија и организација секоја идеја ја претвораа во реалност.
Големо браво и до родителите за нивната поддршка, до сите пријатели и помагатели на тимот „Осетра“, до нашата директорка за визијата и вербата, како и до градоначалникот Бобан Стефковски за поддршката! 👏
🏆 По големиот успех на светскиот натпревар, тимот OSETRA беше топло пречекан во просториите на нашата амбасада во Атина, каде заеднички го прославивме нивниот извонреден резултат.









Поврзани содржини