Работилница „Зајакнување на училиштата за демократско образование – постигнувања и резултати“
На 07.05.2025 година, во хотелот „Александар Палас“ се одржа завршна работилница „Зајакнување на училиштата за демократско образование – постигнувања и резултати“, во рамки на проектот „Квалитетно обрзование за сите“ кој Советот на Европа го имплементира од 2023 година.
25-те пилот училишта, средни и основни кои беа дел од двегодишниот проект имаат идентичност во искуствата околу градењето на демократски систем на управување и иновативност од аспект на вклучување на учениците во носењето одлуки, форми на нивно организирање за остварување на права.
Демократското образование создава активни генерации, кои се свесни за човековите права и одговорно се однесуваат.
Демократијата мора да биде еден од основните столбови на образовниот систем. Образовниот процес е алатка за стекнување вештини и знаења, но мора да насочува и кон критичко размислување, кон развивање на одговорност, свесност за човековите права и обврски, кон конструктивност и почитување.
Учесници на оваа завршна работилница беа учениците: Калина Караџоска 8-1 одд. Софија Мијалковска 9-3 одд. и наставниците Роза Јаневска и Вилдана Суљовиќ.
Голема благодарност до директорката на училиштето Адријана Младеновска, сите ученици, наставничките Марија Наневска и Магдалена Павловска, дефектологот Катерина Банџо кои несебично се вклучија и помогнаа во реализирање на активностите предвидени од проектот.









Поврзани содржини