Градиме заедничка иднина – Денови на МИО во Општина Гази Баба
🌉 Градиме заедничка иднина – Денови на МИО во Општина Гази Баба ✨
Во рамките на грантовите за заеднички активности „Градиме мостови“, организирани од МОН и ОБСЕ, Општина Гази Баба е добитник на грант за проектот „Градиме заедничка иднина – Денови на МИО во Општината“. Главната цел е сплотување на учениците од сите основни училишта во општината преку соработка и подготовки за одбележување на Денот на општината (3 ноември). Нашето училиште активно е вклучено во сите планирани активности, а за подготовката на заедничката приредба е и училиште домаќин.
Реализирани активности: 💡
• 24 и 26 април: Вкупно 30 ученици и одговорни наставници учествуваа на Работилници за мултикултурно учење и меѓуетничка соработка.
• 2 мај (ООУ „Његош“): Учениците Аделина Ајваз, Никола Стојменовиќ, Методија Тасевски, Нина Ристиќ и Христина Јовановска, придружувани од координаторот на МИО Весна Трајковска, педагогот Габриела Пљачкоска и координаторот Виолета Стоилевска, работеа на истражување за загаденоста и изработка на промотивни брошури.
• 9 и 11 мај (ООУ „25 Мај“): Учениците Павел Наневски, Вероника Неделковска, Јана Стоилевска и Михаил Стефановски, предводени од наставничките Марина Пејковска, Јованка Грујовска и Виолета Стоилевска, започнаа со изработка на двојазичен водич низ Гази Баба.
• 9 мај (ООУ „Наум Наумовски Борче“): Осум ученици од III и IV одделение (Бисера Стојменовиќ, Адриана Стоилевска, Горазд Стојановски, Драгана, Рамадан Јашарај, Башким Абедим и Давид Митевски) учествуваа во Игри без граници со наставничките Јованка Грујовска и Виолета Стоилевска.
• 16 мај (ООУ „Дане Крапчев“ – домаќин): Започнаа подготовките за приредбата. Учествуваа учениците од хорот (Ердуан Демиров, Никола Јакимовски, Јана Ѓорѓиевска, Миа Јакимовска со наставничките Роза Јаневска и Марина Пејковска), оркестарот (Теа Веселинова, Ники Пандовска, Моника Георгиевска, Теона Пешевска со наставникот Ванчо Јовчев и Виолета Стоилевска) и ритмичката група (Тамара Додевска и Катерина Пислевиќ со наставничките Лидија Ѓорѓиева, Јованка Грујовска и Христина Петровска).
На сите средби учениците и наставниците работеа интегрирано и балансирано кон заедничката цел. Продолжуваме со реализација на планираните активности! 👏
Координатор на проектот: Виолета Стоилевска













Поврзани содржини