ООУ „Дане Крапчев“

Мое училиште, мое огледало

Светски ден на децата

❤️ 🩶 Од ДЕТЕ за ДЕТЕ во чест на СВЕТСКИОТ ДЕН на ДЕЦАТА!🩶❤️

👧🏻🧒🏻 ДЕЦАТА носат ТОПЛИНА во срцето дури и кога е ноември!
ТИЕ денес му дадоа душа на овој ретко топол ноемвриски ден.
🏆🧒🏻 Во чест на „ДЕНОТ на ДЕТЕТО“, учениците од УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ организираа и учествуваа во СПОРТСКИ ИГРИ заедно со нашите ПРВАЧИЊА.
Тие за нив обезбедија и им подарија блескави пехарчиња. 👧🏻🏆
👧🏻🧒🏻 Возраста не е пречка за другарување – ДЕЦАТА денес го докажаа тоа!
🧒🏻👧🏻 Денес не беа важни победи и резултати туку подадена рака и охрабрување!
❤️🩶 Да ги чуваме ДЕТСКИТЕ НАСМЕВКИ, затоа што во нив се крие ИДНИНА! 🩶❤️

👇 Активност подготвена од:

👩🏻‍🏫 Одговорни наставници на парламентот: Магдалена Павлеска и Данче Костовска – Јакимовска;
👩🏻‍🏫 Наставникот од дневен престој, Јованка Грујовска;
🧑🏻‍🏫 Наставниците по физичко и здравствено образование: Јовица Димески и Филип Петровски.

❤️🩶 Во ЗАЕДНИШТВОТО е силата, денес сите заедно го докажавме тоа!❤️🤍

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.