Бронза со златен сјај за нашите мали шампиони!
🥉 На 13.11.2026 година, терените се исполнија со насмевки, енергија и спортски дух! На првото општинско натпреварување во детска атлетика во организација на Општина Гази Баба и Општинскиот сојуз на училишен спорт, нашите четвртоодделенци покажаа како се бори за боите на училиштето. 👟
Меѓу 120 ученици од целата општина, нашиот тим извојува одлично 3. место! 🏅🙌
Инвестираме во здрави навики, тимска работа и насмевки уште од најрана возраст, затоа што спортот е повеќе од игра – тоа е животна школа 🌱🤸♂️.
Браво за нашите мали спортисти, а големи честитки и до одговорните наставници Томислав Спасовски и Филип Петровски, кои со многу труд, трпение и посветеност ги водеа до овој успех! 👏🔥




























Поврзани содржини