МАТЕМАТИКА – ГОЛЕМ УСПЕХ НА ДРЖАВНО НИВО

Со голема радост споделуваме одлична вест!

Нашиот ученик Андреј Арнаудов (7 одделение) освои 3. награда на Државниот натпревар по математика, одржан на 18.04.2026 година на ПМФ.

Исто така, ученичката Бисера Митровска (6 одделение) доби пофалница за своето учество и постигнат успех на натпреварот.

Овие успеси се резултат на труд, знаење и посветеност, како и менторската поддршка од наставничките Јулија Атанасова и Лиле Сарвановска.

Искрени честитки за учениците и нивните ментори, со желби за уште многу идни успеси!

Кога историјата поврзува – учиме заедно без граници!

Во рамките на еТвининг проектите, нашето училиште беше дел од една убава меѓународна приказна. Заедно со партнери од Италија, Романија, Литванија и Турција, учениците работеа на проектот „History Challenge“, каде што секое училиште претстави значајно историско место од својот град или држава.

Нашите ученици со љубов и гордост ја претставија Старата скопска чаршија – симбол на традиција, култура и историја.

Преку ова искуство учениците:

го продлабочија знаењето за историјата

се запознаа со култури од други земји

го вежбаа англискиот јазик

ги унапредија своите ИТ вештини

Проектот уште еднаш покажа дека кога учењето е споделено – знаењето е поголемо, а се раѓаат пријателствата без граници.

Одговорни наставници: Марина Пејковска и Роза Јаневска

Погледнете го видеото на следниот линк

Убавите вести брзо се шират!

По големиот успех, денес нашите шампиони по роботика беа гости во „Утринска на Телма“.

​Беше вистинско задоволство да се сподели искуството и возбудата од натпреварот со пошироката јавност.

Погледнете го гостувањето и запознајте ги младите умови кои се нашата гордост

Резултати од регионалниот натпревар по француски јазик „Олимпијади“ 2026

Денес 09.04.2026год. во ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар се одржа регионалниот натпревар по француски јазик “Олимпијади 2026” на кој нашите ученици повторно покажаа одлични резултати како доказ на својот труд и посветеност кон францускиот јазик:

Категорија осмо одделение:

3 место – Нина Томова Ташков

4 место – Ангелина Трпковска

Ментор на двете е Наташа Апостолова

5 место – Меланија Георгиевска

Ментор -Анета Митевска

Честитки до сите ученици за вложениот труд и постигнатите резултати

и им посакуваме среќа и успех на државниот натпревар

Bravo à tous ! 🇫🇷

Заедно го боиме светот во сино! – Светски ден на аутизмот

​Денес во нашето училиште со многу љубов го одбележавме 2 Април – Светскиот ден на аутизмот. Преку креативни работилници, учениците научија дека прифаќањето и поддршката се клучот за едно среќно детство.

​Во II-1 одделение: Под мотото „Заедно со тебе ќе ми биде полесно да обоиме сино“, учениците создаваа со помош на наставничката Катерина Димовска, асистентката Милена Алексовска и дефектологот Марија Трипуноска.

​ Во IV-4 одделение: Наставничката Стефани Тупоска и асистентката Марија Петровска низ презентација и разговор ги поттикнаа учениците да изработат плакат со порака: „Различни сме, но сите сме важни!“

​Учиме за емпатијата, ги прифаќаме различностите и се поддржуваме едни со други!

АПРИЛИЛИЛИ!

Најразиграната и нааааајубава првоаприлска магија!

​Денес нашите училишни ходници се претворија во вистинска бајка!

Од суперхерои и принцези, до креативни еко-маски и омилени ликови од цртаните филмови – креативноста на нашите ученици (и наставници!) нема граници.

​Што имавме денес?

​Многу насмевки и искрена детска радост

​Креативни маски изработени со многу љубов и труд

​Најразиграно расположение и песна низ целото училиште

​Денес сите победивме во играта на фантазијата!

Уживајте во галеријата која зрачи со позитивна енергија на нашата фб страница