SUCCESS SPEAKS ENGLISH

Нашите ученици блеснаа на Регионалниот натпревар по англиски јазик (18.04.2026)

ООУ „Дане Крапчев“ продолжува со низата успеси:

​Пат кон Државниот натпревар!

II награда за шестоодделенците на ментор Катерина Лукарова:

Александар Алексоски (88,5 бода)

Ема Ивановска (87,5 бода)

​ III награда за Ведран Вељковиќ (9 одд.) – 84 бода (ментор Катерина Лукарова)

​Честитки и за одличното претставување:

Каја Стојковска (78 бода) и Ангелина Трпковска (74 бода) од 8-мо одделение, под менторство на Весна Кочова.

​Горди сме на сите ученици и нивните ментори за посветеноста и знаењето!

Од предизвик до решение

На 21 април се одржа настанот „Зеленикс – од предизвик до иновација“, организиран од ИНОВА – Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво.

На настанот учествуваа 230 ученици од 22 основни училишта од Скопје, меѓу кои и нашите ученици, кои одлично се претставија со своите иновативни еколошки решенија за градот.

Особено сме горди на нашите два тима! 💚

Тим од 8 одделение: Ноела Масева, Дариа Митреска, Ангелина Трпковска, Никола Тргачевски и Небојша Новоселов.

Тим од 9 одделение: Калина Караџоска, Елена Наумова, Ања Костадинова, Тео Бојанчев и Марко Наумов.

Двата тима работеа под менторство на наставничката Душанка Китановска.

Нашите млади иноватори ги претворија своите идеи во конкретни проекти, покажувајќи креативност, визија и посветеност кон еколошките предизвици. Нивните идеи добија одржливи и зелени решенија кои инспирираат. 🌱

Браво за сите!

Вашето ОOУ „Дане Крапчев“ се гордее со вас!