Хуманост, знаење и тимска работа – во духот на Црвениот крст

На 24.04.2026 година, во нашето училиште, во организација на Општинска организација на Црвен Крст – Гази Баба, се одржа Општинскиот натпревар по прва помош, каде учениците од нашето училиште ги покажаа своите вештини преку практични вежби и реални ситуации.

Настанот помина во одлична атмосфера, исполнета со посветеност, тимска работа и хуманост.

Честитки до учениците за нивниот труд и ангажман, како и голема благодарност до менторите Весна Димитровска и Бранкица Наумовска за поддршката и вложениот труд.

Првата помош е знаење што спасува живот

ПРВО МЕСТО И ПЛАСМАН ВО ФИНАЛЕ

​На денешната „Ученичка квизотека 2025/26“ во ДКЦ „Карпош“, нашиот тим покажа одлично знаење и заслужено победи!

​Честитки до нашите шампиони:

Калина Караџоска (9-1)

Тео Бојанчев (9-1)

Ангелина Трпковска (8-1)

​Во конкуренција со училиштата од Стајковци, Петровец, Центар и Карпош, нашите ученици го освоија првото место и обезбедија пласман во големото финале!

​Браво за трудот и успехот! Горди сме на вас!