Награда и на квизот ,,КОЛКУ ЗНАЕШ за ЕВРОПА?”

…И ПОВТОРНО НАГРАДА !!!

Овој пат во рацете на нашите ,,Парламентарци” кои покажаа одлични знаења на квизот:

,, КОЛКУ ЗНАЕШ за ЕВРОПА?”

Во конкуренција на 24 училишта од град Скопје , по повод ,,ДЕНОТ на ЕВРОПА” нашите ученици го освоија високото II место.

Денешниов настан во градски парк беше во организација на ,, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност”.

Горди сме на нашите ученици кои секогаш достојно не претставуваат на сите натпревари.

Активност организирана од одговорните наставници на Ученичкиот парламент: Магдалена Павлеска и Данче Костовска- Јакимовска.

Работилница „Зајакнување на училиштата за демократско образование – постигнувања и резултати“

На 07.05.2025 година, во хотелот  „Александар Палас“ се одржа завршна работилница „Зајакнување на училиштата за демократско образование – постигнувања и резултати“, во рамки на проектот „Квалитетно обрзование за сите“ кој Советот на Европа го имплементира од 2023 година.

25-те пилот училишта, средни и основни кои беа дел од двегодишниот проект имаат идентичност во искуствата околу градењето на демократски систем на управување и иновативност од аспект на вклучување на учениците во носењето одлуки, форми на нивно организирање за остварување на права.

Демократското образование создава активни генерации, кои се свесни за човековите права и одговорно се однесуваат.

Демократијата мора да биде еден од основните столбови на образовниот систем. Образовниот процес е алатка за стекнување вештини и знаења, но мора да насочува и кон критичко размислување, кон развивање на одговорност, свесност за човековите права и обврски, кон конструктивност и почитување.

Учесници на оваа завршна работилница беа учениците: Калина Караџоска 8-1 одд. Софија Мијалковска 9-3 одд. и наставниците Роза Јаневска и Вилдана Суљовиќ.

Голема благодарност до директорката на училиштето Адријана Младеновска, сите ученици, наставничките Марија Наневска и Магдалена Павловска, дефектологот Катерина Банџо кои несебично се вклучија и помогнаа во реализирање на активностите предвидени од проектот.

Игравме со срце за АЛЕК

 

На 07.05.2025г. ученици од III одд. од 11 училишта во општината, во организација на Општински сојуз на училишен спорт на Гази Баба реализираа втор полигон, игри од натпреварувачки карактер.

Настанот се одржа во спортската сала на ООУ,,Вера Јоциќ”.

Честитки за нашите ученици и наставници кои и овој пат се меѓу најдобрите во општината.

1 место -ООУ,,Вера Јоциќ”.

2 место ,,Крум Тошев”.

3 место,,ООУ Дане Крапчев”.

Aктивноста имаше меморијален карактер во чест на нашиот другар Алек.

Одговорен за активноста: Томи Спасовски- наставник по физичко и здравствено

образование.

На ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР по МАТЕМАТИКА III место за нашата ИВАНА

На 03.05.2025 г.се одржа Државниот натпревар по математика за основно образование на

Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Нашата ученичка Ивана Ивановска од 7 одд. освои трета награда

под менторство на наствник- Билјана Стојановска.

ЧЕСТИТКИ, нека следат успеси и во иднина !

5 Мај – Денот на македонскиот јазик и азбука

Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нѐ оставил сами

и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме.” Петре М. Андреевски.

Нека ни е честит 5 Мај, Денот на македонскиот јазик и азбука!

Активност подготвена од ученици од 6 до 9 одд. со наставниците по македонски јазик- Елена Малинова, Катица Стојчевска и Марија Шереметковска.

Ученици од II-3 и II-4 одд. со наставниците-Емилија Блажевска и Весна Стојковска.

Мултикултурализмот во образованието 3

Уште една заедничка средба предвидена со Проектот „Мултикултурализмот во образованието“, овој пат во просториите на ООУ „25 Мај“, 28 април 2025.

Повторно ние децата заедно, но дружба на поинаков начин. Целта е да твориме за Другарството и со нашите креации да создадеме Фото книга од соништата, но овој пат решивме дека приоритет ни е да се дружиме преку игра.

Спортот е најубавата тимска игра преку која сакаме да покажеме колку многу можеме кога заеднички дејствуваме, учиме еден од друг, си помагаме, споделуваме, го зајакнуваме тимскиот дух, промовираме заеднички вредности, придонесуваме за развојот на својата заедница и со истрајност стигнуваме до остварување на поставената цел- „Градење и негување на трајни вредности“.

Голема благодарност до наставникот по Физичко и здравствено образование Фљорим Муртезани кој ни овозможи преку игри, вежби и пријателски натпревар да имаме убаво поминато време со нашите другарчиња.

Ова беше задоволство и позитивно искуство за сите нас.