„Франкофонија“ во Дане Крапчев

Нашето училиште е дел од мрежата “J’aime le français” / ,,Го сакам францускиот јазик” – проект на Француската амбасада.

И ДА, ние во Дане Крапчев го сакаме францускиот јазик.

Денес ја славевме Франкофонијата и се забавувавме на француски.

Пеевме, читавме поезија од Жак Превер, па и малку спортувавме.

На настанот учество земаа ученици, вљубеници во францускиот јазик од 5 до 9 одд.

Водители на настанот беа Дејанчо и Анастасија а ја проследивме следнава програма

1. Bonjour mes amis- учениците од 5 одд 

2. Поемата  Quand la vie est un collier – ја рецитираа Ивана, Јана, Мила, Меланија, Анастасија, Ангелина, ученички од 6 одд

3. Voila – ја испеа Катарина Пислевиќ

4. Поемата Dejeuner du matin – ја читаше Тара придружена со драматизација (Тео и Ана)

5. Matador – ја испеа Ангелина

6. Поемата  Je suis comme je suis- ја читаше Аника 

7. Je veux – ја испеа Ивана 

8. Поема Pour toi mon amour – ја прочита Софија

9. Малку спортувавме со песната Les pouces en avant 

10. Со песничката Je te dis Bonjour учениците од 5 одд на присутните им кажаа Догледање

Ментори : Наставници по француски јазик Анета Митевска и Наташа Апостоловска.

Успех и на државниот натпревар по Македонски јазик

Нашите ученици повторно со високи резултати на ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР по МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК кој се одржа на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” во Скопје.

На натпреварот учениците и менторите се стекнаа со пофалници.

1. Ангелина Трпковска 6 одд. 84 бодови – ментор Марија Шереметкоска.

2. Калина Караџоска 7 одд. 83 бодови – ментор Елена Малинова.

3. Никола Тргачевски 6 одд. 74 бодови – ментор: Марија Шереметковска.

Им честитаме на учениците и нивните ментори!

Медал и на Математичката Олимпијада

Нашите ученици Давид Арнаудов од 9 одд. и Александар Маџовски од 8 одд. нa 06.06 учествуваа на 28 Јуниорска математичка олимпијада за ученици до 15.5 години.

Нашиот Давид Арнаудов од 9 одд. се закити со бронзен медал.

Давид и Александар ја сакаат математиката, работат посветено на своето надоградување, осмислуваат креативни пристапи во решавањето математички задачи, редовно учествуваат на натпревари и постигнуваат успеси.

ЧЕСТИТКИ ДАВИД, твојот успех во иднина, да биде уште поголема мотивација за Александар и сите други вљубеници во математиката.

БРАВОО деца се гордееме со вас !!!

Ментор на Давид Арнаудов – Билјана Стојановска.

Ментор на Александар Маџовски -Лиле Сарваноска.