ПОКАНА за запишување ученици во прво одделение во учебната 2023/24 година

Врз основа на член 60 од Законот за основно образование (Сл.весник бр.161 /19) општинско основно училиште ,,Дане Крапчев“ – Скопје објавува

ПОКАНА

за запишување ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 година

Право за запишување  во прво одделение имаат:

*деца родени 2017 год., односно кои до крајот на календарската 2023 година ќе наполнат 6 години.

*деца кои до 31 јануари 2024  ќе наполнат 6 години, по барање на родителот и со добиено мислење од педагог и психолог од училиштето.

За запишување во прво одделение потребни се следните документи:

*Лична карта од родител  – на увид,

*Извод од матична книга на родени за детето (копија и оргинал извод на увид)

Врз основа на член 60 став 2 при запишувањето на детето во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави:

1.Потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа. Потврдата за примени вакцини треба да се земе од советувалиште за вакцини или т.н. вакцинални пунктови.

2.Потврда од стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа. Потврдата за систематски преглед на заби може да се извади од поликлиника, каде што има ординација за детска и превентивна стоматологија.

3.Потврда од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа.

4.За  запишување на дете со попреченост во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави и Мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

5.За запишување на детето кое ќе наполни шест години до 31 јануари 2024, потребно е  претходно родителот односно старателот да поднесе  писмено Барање за запишување  во училиштето и по добиено позитивно Мислење од педагогот или психологот

Родителот односно старателот потребно е најпрво да пополни Пријава за запишување на детето во рамките на училиштето секој работен ден од 08 до 16 часот. По доставената пријава родителот односно старателот ке биде телефонски контактиран од страна на Комисијата за запишување во прво одделение.

НАПОМЕНА:

При запишувањето на детето во прво одделение родителот односно стартелот е должен да ја достави целата наведена документација.

                                                                                                          ООУ„Дане Крапчев“-Скопје

                                                                                  Комисија за упис на ученици во прво одделение