Денес сме горди на ПРВОТО МЕСТО за нашата екипа на ЦРВЕНИОТ КРСТ, на ниво на општина Нашиот училишен тим на Црвениот Крст учествуваше на 43-от општински натпревар по прва помош. Екипата составена од Теона Јовева – капитен, Адриана Стоилевска, Горазд Стојановски, Бисера Стојменовиќ, Антонија Владевска и Теодора Јосевска го освоија првото место. Раководител на екипата е наставничката по биологија Бојана М.Личева. Голема благодарност до волонтерката Ангела Ангелковска, наша поранешна ученичка која несебично ни помогна во подготовките
Во месец декември училишниот тим на Црвен крст реализираше едукација на тема дентална хигиена наменета за учениците од одделенска настава. Поголемите ги учеа помалите како правилно да се грижат за забите.Потсетувањето за денталната хигиена не е на одмет, особено во пресрет на празниците кога пред нас ќе има многу слатки
Од 1 до 7 декември се одбележува неделата посветена за борба против ХИВ/СИДА. За таа цел тимот на Црвен крст од нашето училиште изработи пано, на кое истакна едукативни материјали за превенција од ова вирусно заболување, начниот на пренесување и ризиците. Ученикот Горазд Стојановски изработи и реферат на оваа тема, кој е достапен на ученичкиот блог. https://druzinatanadanekrapcev.blogspot.com/…/blog-post…
Во реализација на оваа активност учествуваа Теона Марковиќ,
Ова е слогнот под кој учениците од нашето училиште ја одбележаа неделата посветена на борбата против блестите на зависност. Учениците од училишниот тим на Црвен Крст организраа неколку активности преку кои се потрудија да ги едуцираат врсниците за опасностите од дрогата, алхохолизмот и останатите болести на зависност. И тоа:
• Изработија пано на кое ги прикажаа поседиците од употребата на дрога и аклхохол и истото го поставија на видно место во училиштето
• Изработија видео порака со која кажаа Стоп за наркотиците
• Се спроведе едукативно предавање за дрога за учениците во предметна настава Сето ова го споделуваме со сите вас и заедно да кажеме ДА НА ЖИВОТОТ!
Паното и видеото го изработија Михаела Димчова , Клара Карџоска, Јана Саздовска и Никола Наумов
На 16 Декември 2021г во ООУ,, Дане Крапчев” Скопје , се одржаa симулациски вежби “Евакуација на ученици, вработени, повредени, во случај на земјотрес и пожар”, во населба М. А. Ченто. Во реализацијата на оваа активност, свој активен придонес дадоа волонтерите од Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст, кои вршеа спасување и евакуација на повредени лица. Поддршка за релаизација на симулационата вежба дадоа Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Гази Баба и град Скопје, Противпожарна бригада на Град Скопје, МВР – Гази Баба и ДППД Бајрам Мифтари. Целта на вежбата е проверка на процедурите за евакуација во ООУ ” Дане Крапчев” и увежбување на повеќе начини на евакуација, пружање прва помош, вршење тријажа и др.
Во месеците септември и октомври, тимот на црвениот крст на училиштето поттикна и реализира неколку хуманитарни акции.
Учениците од црвениот крст своите хуманитарни акции ги
започнаа со спроведување на донаторска акција на училишен прибор кој го собираа
во месец септември, а потоа го распределија на
ранливите категории ученици.
Во месец октомври во рамките на одбележувањето на неделата на гладта, од 16 до 22 октомври, се спроведе хуманитарна акција за донација на храна во нашето училиште.
Во акцијата се вклучија ученици, родители и претставници од детската градинката “25 мај”. Најмалдите од градинката го посетија нашето училиште и ги доставија своите донации. Јавно изразуваме благодарност до дечињата, нивните родители и учители за подршката и вклучувањето во хуманитарната активност.
Донациите од храна ќе бидат распределени на ранливите категории ученици.
Во рамките на неделата на гладта подмлаткарите на црвениот крст ги поддржаа и активностите на општинската организација на црвениот крст со продажба на бонови на локалното население. Собраните средства ќе бидат врачени на организацијата црвен крст која ќе ги намени за обезбедување на храна и помош на ранливи целни групи на население во заедниците во земјата.
Нашите ученици се вклучија
и во хуманитарниот ликовен конкурс на НЛБ и ги донираа своите ликовни
творби на банката.Банката за секој цртеж ќе донира средства за Детската
Клиника
Благодарност до сите кои се вклучија во акциите и ја покажаа хуманоста на дело!