На 17.11.2023 година се одржа уште еден заеднички час со учениците од ООУ „25 Мај“ и нивната наставничка. Ние бевме домаќини и со радост ги дочекавме нашите другарчиња. Часот беше многу интересен бидејќи правевме квиз–проверка на знаењата за респираторен систем. Имавме капитени во нашите екипи, кутија на знаења-преку техниката аквариум, табела со поени, жири комисија. Преку овој едукативен квиз ги проверивме стекнатите знаења. Имаше и победници, екипа 3 која точно одговори на сите прашања на двата јазика, а останатите две екипи имаа изедначен резултат. Имаше одлична атмосфера и позитивен натпреварувачи дух помеѓу екипите. Соработувавме меѓусебно за да постигнеме успех и ги почитувавме правилата на играта. Погледнете!
Со нашите другарчиња од ООУ „25 Мај“ изградиме уште еден заеднички мост на знаења по предметот Природни науки. Нашите наставнички Бојана и Анида денес не научија за видовите заби и нивната функција. Имавме многу интересни активности кои заедно ги реализиравме. Еве и вие да видите што правевме на овој час! П.С. Се гледаме наскоро! Овој пат со гости на часот. Следете не за да дознаете!
Проект: Волшебна интеркултурална мрежа на пријателства Соработка на релација СКОПЈЕ – БЕЛГРАД . Заедно учиме за ОДГОВОРНОСТ. Учениците од III-1 одд .заедно со нивната наставничка Данче Костовска – Јакимовска остварија соработка со наставничката Тамара Миличевич и нејзините ученици од училиштето Алекса Шантич од Белград. Учениците имаа задача да истражуваат за најодговорните луѓе за човештвото од нашите простори. Учениците од Белград дојдпа до заклучок дека најодговорен кон човештворо бил Нилола Тесла. Нашите ученици за одговорност учеа од ликот и делото на Мајка Тереза . Истражуваа, пишуваа цртаа , соработуваа и другаруваа . На крајот изработија и книги. Денес беше воспоставен линк на релација СКОПЈЕ – БЕЛГРАД со цел взаемно презентирање на сработеното Изработените книги , искрените насмевки и новите пријателства беа ново искуство за сите . Нашата интернационална соработка ќе има продолжение….
„Баркод“ е проект Еразмус плус во кој учествуваат пет партнерски училишта и кој ќе се спроведува под раководство на Гимназијата Кретингос Р. Видмантаи од Литванија. Покрај основното училиште Дане Крапчев во Скопје, во проектите се вклучени Information Technology High School, Belgradeод Србија, Agrupamento de Escolas de Portela e Moscavide во Португалија и средното училиште TOKI во Турција.
Домаќин на третата мобилност беше ООУ “Дане Крапчев“ од Скопје, С. Македонија. Учесниците беа обучени да ја користат програмата Scratch и да стекнуваат способност, техниките на кодирање да ги интегрираат во наставата. Тие ќе можат да користат кодирање како наставна алатка во области како што се математика, странски јазик, природни и општествени науки и уметничко образование.
Со примена на овие методи и техники, ќе се подобри логичното и алгоритамското размислување на учениците и способноста да се преиспитуваат идеите.
Цели на проектот:
– се развиваат методи за одговорно и редовно решавање на проблеми;
– обезбедува учење на основите на програмирањето;
– зголемување на степенот на примена на иновативни наставни методи;
– ја поттикнува употребата на колаборативно учење во размена на информации.
разбивање на предрасудите за примена на иновативни наставни методи;
– подигнување на свеста за важноста на методите за кодирање како една од алатките што се користат за учење на учениците за вештините на 21 век.
Активностите на проектот:
03.10.2022
Третата мобилност од Проектот Erasmus+ KA-229 Barcode се реализираше во ООУ “Дане Крапчев“ Скопје. Наставници од Литванија, Србија, Португалија и Турција беа топло пречекани со кратка програма во која беа вградени културата на секоја земја.
Подоцна во текот на денот се реализираа следните активности:
– Ice breaking игри : Сите учесници играа неколку игри за да се запознаат и да ја подобрат работната средина.
– Се запознаа со програмскиот јазик Scratch и неговата работна околина. Секој учесник отвори сметка на Scratch. На учесниците им беше прикажана колекцијата примероци од проекти изработени во Scratch.
Активноста заврши со „Создавање уметнички работи“ која вклучува креирање цртеж со повторување на геометриска форма 72 пати.
04.10.2022
Денот започна со експеримент по биологија каде наставниците издвоија ДНК од банана.
Продолживме со забавна работилница „Rocket design“ каде дизајниравме едноставни и лесни изработки од хартија.
Ученици од 7 одд. демонстрираа игри во Scratch и научивме за различни движења на фигури.
Потоа учесниците создава сопствена игра во Scratch.
Денот го завршивме со пешачење на планината Водно и се восхитувавме на прекрасниот поглед од врвот.
05.10.2022
Третиот ден на мобилност во С.Македонија беше посветен на разгледување на природните и културните богатства што ги нуди Македонија.
На планината Бистра, покрај реката Радика, посетен е манастирот Св.Јован Бигорски.
Потоа групата отпатува до „бисерот на Балканот“, градот Охрид, каде ја виде старата чаршија, уживаше во погледот на манастирот Св. Јован Канео на брегот на Охридското Езеро и се восхитуваа на старата архитектура на градот.
06.10.2022
Четврти ден на мобилност во Македонија започна со посета на канцеларијата на општина Гази Баба каде нè пречека генералниот секретар и советникот за образование.
Потоа ја посетивме стручната гимназија „Владо Тасевски“ каде имавме можност да го разгледаме училиштето и да се запознаеме со различните образовни програми што ги нуди. Исто така, присуствувавме на неколку работилници организирани од средното училиште.
По ручекот беше церемонијата на доделување сертификати на сите учесници во проектот а вечерта имавме заедничка традиционална вечера.
07.10.2022
Мобилноста во Македонија ја завршивме со посета на кањонот Матка. Имавме можност да уживаме во неверојатната глетка пловејќи со бротче во најстарото вештачко езеро во земјата. Имавме можност да посетиме и една од многуте пештери во Кањонот, кои се најфасцинантните спелеолошки паркови во светот.
Се надеваме дека бевме добри домаќини и дека сите ќе се сеќаваат на нашата мала земја со голема наклонетост.
Оваа учебна година учениците од 7-1 и 7-2 одделение беа вклучени во Етвининг проект “Parle-moi de toi” под водство на наставничката Анета Митевска.
Во проектот беа вклучени вкупно шест училиште, ние, од Португалија, Шпанија, Германија, Италија и од Романија. Сите ученици во училиште го изучуваат францускиот јазик. Целта беше учениците да го прошират вокабуларот, да развијат стратегии за разбирање на текстови или видеа, но пред се тоа што го учат да го применат во комуникација со ученици од други држави. Овој проект беше и интердисциплинарен затоа што учениците користеа информатички вештини, а исто така преку овој проект научија и нешто за географијата и историјата на земјите партнери. Се запознаа со нивните култури, начинот на живот како и со празниците во Франција.
Македонското научно здружение за аутизам и ООУ “Дане Крапчев” склучија меморандум за соработка во рамките на проектот “Пријателски места за аутизам”. Во овој проект нашето училиште се стекна со 11 сертифицирани амбасадори (наставници и стручни соработници) и сертификат за училиштето како пријателско место за аутизам.
Нашето училиште обезбеди: 1. Тивко место за смирување при реакција на вознемиреност поради пречувствителност.
2. На учениците со аутистичен се ставија на располагање спектар ситни манипулативи -сензор за стимулација.
3. Табла/постер за комуникација со помош на симболи.
4. Едукативни материјали за примена на техниката социјални приказни за поддршка на разбирање на учениците на теми: училиште, дневни рутини, однесување и здравје.
5. Визуелен распоред на децата со аутистичен спектар.
Заврши втората мобилност од Erasmus+ KA229 проектот BAR CODE наменет за обука на наставници. Домаќин беше училиштето ” Портела” од Лисабон, Португалија. Креативни, инспиративни и корисни работилници за алгоритми, програмирање и роботика. Следната мобилност е во октомври во нашето училиште.