Втор пат „Зелено знаме“

Нашето училиште по втор пат го доби статусот –  Зелено знаме за заложбите од областа на екологијата. Денес ги добивме резултатите од апликацијата и ги споделуваме со вас. Воедно се заблагодаруваме на сите родители, вработени, помагатели и ученици кои го дадоа својот придонес за потврдување на статусот.

Со почит еко тимот при

OОУ Дане Крапчев

Почитувани родители!

Во текот на оваа седмица, одделенските наставници ќе организираат работилници за новогодишно украсување на училниците. Ве повикуваме активно да се вклучите и воедно да придонесете за пријатниот амбиент во училиштето.

Во периодот од 26.12.-30.12.2016 г. повторно се планираат активности во рамките на Проектот – Меѓуетничка интеграција и тимот за Родителска соработка. Активноста е под наслов  МУЛТИЕТНИЧКА ПРЕДНОВОГОДИШНА ТРПЕЗА . Предновогодишната трпеза ќе ја подготват родителите и наставниците со тоа што ќе приготват традиционални национални  јадења.  Учениците и родителите гости ќе имаат можност да ги вкусат јадењата и да се запознаат со начинот на нивното приготвување.  Поблиски информации за овој настан ќе добиете од одделенските наставници.

Ве повикуваме масовно да се вклучите и да поминете пријатни мигови со Вашите деца и наставниците!

17-Ноември Ден за борба против дрогата и болестите на зависност

 

На ден 17 и 18  ноември во нашето училиште се реазлираа низа активности по повод Ден за борба против дрогата.Одбележувањето започна со поставување на информативно и едукативно пано  во училишниот хол за видовите на наркотици и последиците од нивната употреба. На одморите се делеа едукативни флаери на тема дрога помеѓу учениците. На 18-11 во кабинетот во биологија под менторство на наставниците по биологија се одржа едукативно предавање за дрога кое го водеа ученици од 8 одд.Тамара Алексова и Анастасија Јовановиќ, по што следеше дискусија од аудиториумот за штетните последици од употребата на дрогите.

Поради големиот интерес од страна на учениците планирано е да се одржат и дополнителни активности на оваа тема за кои дополнително ќе има известување.

Одговорен наставник: Душанка Китановска и Бојана М.Личева

15139591_10207096976973558_1251087400_n 15135623_10207096981133662_1922970707_n 15135440_10207096977853580_1747148697_n