Во периодот од 14 до 19 септември 2023г. тим од осум наши наставници беа дел од Еразмус+ мобилноста во градот Мерсин, Турција со цел размена на искуства и стекнување нови практики во рамки на интернет безбедноста.
Име на проектот: „Влијанието на семејните ставови врз поврзувањето на Интернет и безбедното користење на интернетот”.
Координатор на проектот: ООУ,,Дане Крапчев”- Скопје, С.Македонија
Партнерска организација: Aydinlikevler Ilkokulu, Mersin, Türkiye
Од 10 до 14 април 2023 година се реализираше последната мобилност во рамките на Еразмус плус проектот BARCODE на која учествуваа наставниците Анета Митевска, Марина Пејковска, Билјана Стојановска и Весна Кочова.
Активности реализирани на проектот:
Наставниците од Литванија, Португалија, Македонија и Србија најпрво бевме пречекани од учениците и вработените со културно – уметничка програма, а потоа се запознавме со животот и работата на училиштето во Денизли.
Потоа во текот на мобилноста се реализираа следните активности:
Учениците ни презентираа игри кои ги креирале самостојно, користејќи го mBlockv.5.4.0 софтверот. Подоцна софтверот беше проверен од партнерите каде изработивме кодирачки игри. Направивме Ардуино вежба и подоцна наставниците од Турција организираа STEAM предавање користејќи интерактивни игри за да го научиме јазикот.
За време на посетата имавме ликовна активност со учениците користејќи Ебру техника и работилница – „Уметност на мермер“ (креативна и неограничена комбинација на бои на мрсна вода).
Го посетивме образовниот центар Актепе, каде што гледавме час по роботика за деца од основно училиште, при што тие програмираа роботи и играа кошарка со роботи. Имавме можност и уживавме и ние наставниците во работата со учениците играјќи кошарка на еден поинаков дигитален начин.
Го посетивме и средното техничкото училиште Орхан Абалиоглу, кое има 1200 ученици и различни отсеци – храна, електроника, ИТ, автоматизација, електротехника и обработка на дрво. Тоа е најдоброто технолошко училиште во регионот Денизли.
Во текот на денот извршивме ИТ експерименти користејќи го програмскиот јазик Arduino, тестиравме систем за паркирање програмиран од учениците. Создадовме игри; тестиравме 3D очила и програми за симулација, кои учениците ги користеа за правење едноставни проекти, како што се работа со трактор или багер за градежништво, поправки на патишта итн.
Мобилноста во Турција ја завршивме со активности за евалуација на стекнатите знаења, вештини и искуства и споделувања на искуства од нашата секојдневна работа.
Во попладневните часови имавме можност за заедничко дружење и запознавање со бројните прекрасни историски места на Денизли: Лаодекија, Хиераполис, Памуккале со неговите уникатни травертини, Фетије.
Од 27 февруари до 3 март се одржа четвртата мобилност од Еразмус+ проектот ВAR CODE.
Домаќин беше Information Technology High School, Belgrade од Србија. Учесниците беа обучени да ја користат програмата Scratch и да стекнуваат способности и техники со кои кодирањето може да се интегрира во наставата. Тие ќе можат да користат кодирање како наставна алатка во области како што се математика, странски јазик, природни и општествени науки и уметничко образование.
Со примена на овие методи и техники, ќе се подобри логичкото и алгоритамското размислување на учениците и способноста да се преиспитуваат идеите.
Цели на проектот:
– се развиваат методи за одговорно и редовно решавање на проблеми;
– обезбедува учење на основите на програмирањето;
– зголемување на степенот на примена на иновативни наставни методи;
– ја поттикнува употребата на колаборативно учење во размена на информации.
разбивање на предрасудите за примена на иновативни наставни методи;
-подигнување на свеста за важноста на методите за кодирање како една од алатките што се користат за учење на учениците за вештините на 21 век.
Активностите на проектот:
27.02.2023
Четвртата мобилност од Проектот Erasmus+ KA-229 Barcode се реализираше во Information Technology High School, Belgradeод Србија. Наставници од Литванија, Португалија, Македонија и Турција беа пречекани од учениците и вработените, а воедно беа запознати со животот и работата на училиштето во Белград.
Подоцна во текот на денот се реализираа следните активности:
Важноста на кодирањето во игрите презентирано од вработен во UBISOFT Белград
Запознавање и креирање на Google Sites на тема наука и техника
Активноста заврши со објаснување на дизајнот на играта Minecraft за оперативниот систем Windows 10.
28.02.2023
Денот беше посветен на креирање на страница Wix на тема Наука / ИКТ. Се запознавме со алгоритмот користен во апликациите и го применивме во виртуелните апликации на Minecraft.
Денот заврши со посета на Калемегдан
01.03.2023
Во текот на третиот ден акцент беше ставен на апликацијата Google Drive. Беа дадени насоки како да се користи Google Drive во наставата (создавање тестови, наставни материјали итн.)
По паузата беше реализирана работилница воScratch. Присутните програмираа вежби со примена на алатки за движење, анимации, вметнување аудио ефекти
Во попладневните часови го посетивме Музејот на наука и техника. Од приложените постановки во музејот, се вративме назад во времето и направивме една ретроспектива на технолошкиот развој од најразлични области
02.3.2023
Четврти ден на мобилност во Србија беше посветен на меѓуученичко натпреварување со материјали за кодирање. Учениците од ITHS од завршните години презентираа свои изработки како игри, Web страни со различна содржина, квизови како и практични апликации корисни во секојдневниот живот (курсна листа, туристичка мапа). Присутните беа во улога на оценувачи и преку Google forms ги евалуираа изработките на учениците.
По ручекот беше церемонијата на доделување сертификати на сите учесници во проектот.
Активностите продолжија со посета на Математичко-информатичкиот факултет во рамките на Белградскиот универзитет. Денот заврши со свечена вечера во национален ресторан
03.03.2023
Петтиот ден беше посветен на запознавање на присутните со проектите на кои училиштето домаќин работи. Мобилноста во Србија ја завршивме со активности за евалуација на стекнатите знаења, вештини и искуства.
По ручекот имавме можност да ја посетиме “Ада циганлија“ и да посветиме попладне на заедничко дружење и споделувања на искуства од нашата секојдневна работа.
Во продолжение погледнете го видеот кое го подготвија домаќините за оваа мобилност
На 17 март, петок, во училиштето се одржа дисеминација на која беа споделени стекнатите знаења и искуства со наставниците во училиштето.
„Баркод“ е проект Еразмус плус во кој учествуваат пет партнерски училишта и кој ќе се спроведува под раководство на Гимназијата Кретингос Р. Видмантаи од Литванија. Покрај основното училиште Дане Крапчев во Скопје, во проектите се вклучени Information Technology High School, Belgradeод Србија, Agrupamento de Escolas de Portela e Moscavide во Португалија и средното училиште TOKI во Турција.
Домаќин на третата мобилност беше ООУ “Дане Крапчев“ од Скопје, С. Македонија. Учесниците беа обучени да ја користат програмата Scratch и да стекнуваат способност, техниките на кодирање да ги интегрираат во наставата. Тие ќе можат да користат кодирање како наставна алатка во области како што се математика, странски јазик, природни и општествени науки и уметничко образование.
Со примена на овие методи и техники, ќе се подобри логичното и алгоритамското размислување на учениците и способноста да се преиспитуваат идеите.
Цели на проектот:
– се развиваат методи за одговорно и редовно решавање на проблеми;
– обезбедува учење на основите на програмирањето;
– зголемување на степенот на примена на иновативни наставни методи;
– ја поттикнува употребата на колаборативно учење во размена на информации.
разбивање на предрасудите за примена на иновативни наставни методи;
– подигнување на свеста за важноста на методите за кодирање како една од алатките што се користат за учење на учениците за вештините на 21 век.
Активностите на проектот:
03.10.2022
Третата мобилност од Проектот Erasmus+ KA-229 Barcode се реализираше во ООУ “Дане Крапчев“ Скопје. Наставници од Литванија, Србија, Португалија и Турција беа топло пречекани со кратка програма во која беа вградени културата на секоја земја.
Подоцна во текот на денот се реализираа следните активности:
– Ice breaking игри : Сите учесници играа неколку игри за да се запознаат и да ја подобрат работната средина.
– Се запознаа со програмскиот јазик Scratch и неговата работна околина. Секој учесник отвори сметка на Scratch. На учесниците им беше прикажана колекцијата примероци од проекти изработени во Scratch.
Активноста заврши со „Создавање уметнички работи“ која вклучува креирање цртеж со повторување на геометриска форма 72 пати.
04.10.2022
Денот започна со експеримент по биологија каде наставниците издвоија ДНК од банана.
Продолживме со забавна работилница „Rocket design“ каде дизајниравме едноставни и лесни изработки од хартија.
Ученици од 7 одд. демонстрираа игри во Scratch и научивме за различни движења на фигури.
Потоа учесниците создава сопствена игра во Scratch.
Денот го завршивме со пешачење на планината Водно и се восхитувавме на прекрасниот поглед од врвот.
05.10.2022
Третиот ден на мобилност во С.Македонија беше посветен на разгледување на природните и културните богатства што ги нуди Македонија.
На планината Бистра, покрај реката Радика, посетен е манастирот Св.Јован Бигорски.
Потоа групата отпатува до „бисерот на Балканот“, градот Охрид, каде ја виде старата чаршија, уживаше во погледот на манастирот Св. Јован Канео на брегот на Охридското Езеро и се восхитуваа на старата архитектура на градот.
06.10.2022
Четврти ден на мобилност во Македонија започна со посета на канцеларијата на општина Гази Баба каде нè пречека генералниот секретар и советникот за образование.
Потоа ја посетивме стручната гимназија „Владо Тасевски“ каде имавме можност да го разгледаме училиштето и да се запознаеме со различните образовни програми што ги нуди. Исто така, присуствувавме на неколку работилници организирани од средното училиште.
По ручекот беше церемонијата на доделување сертификати на сите учесници во проектот а вечерта имавме заедничка традиционална вечера.
07.10.2022
Мобилноста во Македонија ја завршивме со посета на кањонот Матка. Имавме можност да уживаме во неверојатната глетка пловејќи со бротче во најстарото вештачко езеро во земјата. Имавме можност да посетиме и една од многуте пештери во Кањонот, кои се најфасцинантните спелеолошки паркови во светот.
Се надеваме дека бевме добри домаќини и дека сите ќе се сеќаваат на нашата мала земја со голема наклонетост.
Нашето училиште е вклучено во проектот ,,Bar code ” преку Програмата ,,Еразмус +” . Денес бевме срдечни домаќини на гости од Португалија , Србија ,Турција и Литванија . Топло добредојде им посакавме во боите на македонското знаме, со кратка програма во која ја испочитувавме традицијата на секоја земја учесник во проектот. Потоа имавме продуктивни работилници, а попладене ги одведовме на прошетка низ Скопје за да се запознаат со знаменитостите и историјата.
На крајот од првиот ден сме горди домаќини. Но,нашите гости не видоа се од нас. И во наредните четири денови ќе продолжиме да ги воодушевуваме
„Баркод“ е проект Еразмус плус во кој учествуваат пет партнерски училишта и кој ќе се спроведува под раководство на Гимназијата Кретингос Р. Видмантаи од Литванија. Покрај основното училиште Дане Крапчев во Скопје, во проектите се вклучени Information Technology High School, Belgradeод Србија, Agrupamento de Escolas de Portela e Moscavide во Португалија и средното училиште TOKI во Турција.
Учесниците во втората од петте мобилности во проектот беа обучени за алгоритамско размислување, едноставно програмирање, за да може техниките за кодирање да се интегрираат во наставата. Тие ќе можат да користат креирање алгоритми како наставна алатка во области како што се математика, странски јазик, природни и општествени науки и уметничко образование. Со примена на овие методи и техники, учениците ќе го зголемат квалитетот на образованието и ќе им овозможат да ја подобрат својата образовна средина.
Цели на проектот:
– Зголемување на степенот на примена на иновативни наставни методи;
– Разбивање на предрасудите за примена на иновативни наставни методи;
– Подигнување на свеста за важноста на методите за кодирање како една од алатките што се користат за учење на учениците за вештините на 21 век.
Активностите на проектот:
02.05.2022
На првиот ден од мобилноста на проектот Еразмус + КА 229 – Алгоритамски пристап, партнерите од петте држави учесници во BARCODE програмата за кодирање/програмирање имаа кратка заедничка средба за добредојде во училиштето домаќин Escola Secundária da Portela.
Во Escola Secundária da Portela учесниците се запознаа со образовниот систем во Португалија, проследија презентација за училиштето, нивните програми, постигнувања, мисија и визија.
Потоа се реализираа следните активности:
Exact Instructions Challenge – видео за алгоритамските чекори кои мора да бидат јасни, прецизни и недвосмислени, за да може да се реши проблемот.
Работилница- Алгоритми во нашата училница- креирање алгоритми за решавање на задачи.
Презентација на алгоритми креирани за различни училишни предмети
Работилница- од алгоритам до програм
Во попладневните часови – традиционалнa музика и танци и дегустирање на традиционална храна од сите учесници
03.05.2022
На вториот ден од мобилноста се запознавме со одлични примери на преокти за кодирање. Започнавме со Алгоритми во геометријата, Алгоритми и програмирање во физика, биологија ….
Беше реализирана работилница “Алгоритми и програмирање“ користејќи:
Визуелни јазици, Роботи, Arduino
Беше презентиран одличен пример – начинот на живот на децата со попреченост.
Беше презентиран одличен пример – начинот на живот на децата со попреченост.
Подоцна го посетивме основното училиште Escola EB1 of PORTELA, бевме топло дочекани од наставниците и учениците кои ни раскажаа еден обичен училишен ден.
По ручекот го прифативме предизвикот на наставникот по роботика Пауло Торкато – да програмираме робот кој треба да излезе од лавиринтот!
04.05.2022
Третиот ден беше многу интересен и полни со активности. Не само што ги проучувавме алгоритмите и кодирањето, туку научивме многу за португалскиот начин на живот, неговата култура и традиции. Имавме долга прошетка низ Лисабон, при што се запознавме со историјата и архитектурата на Лисабон.
Го посетивме Осеанарио де Лисабоа со неговите моќни изложби и огромниот аквариум кои им помагаат на посетителите да развијат страст за учење и ги охрабруваат луѓето да ги почитуваат океаните. Бевме поканети да го посетиме и Павилјонот на знаењето – интерактивен научно-технолошки музеј кој има за цел да ја направи науката достапна за сите, стимулирајќи експериментирање и истражување на физичкиот свет.
05.05.2022
И следниот ден продолживме со разгледување на Лисабон
-кулата Белем каде се наоѓа споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија
– стариот град
– градот Синтра, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства.. Палати и градини се издигаат меѓу карпи, водопади и бездни, меѓу манастири изградени на зачудувачки височини.
Кабо да Рока – најзападната точка на континетална Европа, нé остави занемени со прекрасната глетка на Атланскиот океан.
06.05.2022
Последниот ден од проектот беше реализирана работилница за Алгоритми и програмирање и креирање на едукативни игри,
Учесниците ги искажаа своите впечатоци од оваа средба, споделија што научија ново и ја истакнаа важноста на искуството што го размениле меѓусевно. Беше спроведена и евалуација на реализацијата на активностите и постигнувањето на резултатите.
Разговаравме за нашите идни активности и мобилности; ги испланиравме датумите и роковите
Мобилноста заврши со свечено доделување на сертификати.
„Баркод“ е проект Еразмус плус во кој учествуваат пет партнерски училишта и кој ќе се спроведува под раководство на Гимназијата Кретингос Р. Видмантаи од Литванија. Покрај основното училиште Дане Крапчев во Скопје, во проектите се вклучени Information Technology High School, Belgradeод Србија, Agrupamento de Escolas de Portela e Moscavide во Португалија и средното училиште TOKI во Турција.
Учесниците во првата од петте транснационални мобилности во проектот беа обучени за кодирање, едноставно програмирање, структура на податоци и алгоритам, за да може техниките за кодирање да се интегрираат во наставата. Тие ќе можат да користат кодирање како наставна алатка во области како што се математика, странски јазик, природни и општествени науки и уметничко образование. Со примена на овие методи и техники, учениците ќе го зголемат квалитетот на образованието и ќе им овозможат да ја подобрат својата образовна средина.
Цели на проектот:
– Зголемување на степенот на примена на иновативни наставни методи;
– Разбивање на предрасудите за примена на иновативни наставни методи;
– Подигнување на свеста за важноста на методите за кодирање како една од алатките што се користат за учење на учениците за вештините на 21 век.
Од нашето училиште учесници на оваа мобилност беа Анета Митевска- координатор на проектот, Марина Пејковска, наставник по информатика, Билјана Стојановска и Бојана Мешковска Личева.
Активностите на проектот:
18.10.2021
На првиот ден од мобилноста на проектот Еразмус + КА 229 , партнерите од петте држави учесници во БАРКОДЕ програмата за кодирање/програмирање имаа кратка заедничка средба за меѓусебно запознавање во училиштето домаќин Vydmantai Gymnasium во Паланга.
Потоа се реализираа три работилници во Pranciškonų gymnasium:
Часови за кодирање со сите наставници и реализација на две програми користејќи www.Code.org од ИТ-наставникот Ваидас М.
Користејќи методи за кодирање, наставниците поделени во парови по случаен избор имаа натпревар во изработка на кавијар. Работилницата беше реализирана во лабораторијата по биологија под организација на наст.Лина Ј.
Во мини училишниот музеј по географија, наставниците се запознаа со различните видови карпи, различните истражувања и проекти кои се реазлизираат тековно, како и за историјата на првото училиште од тој регион од наст. по географија Вилиус А.
Денот заврши со прошетка и запознавање со историјата на Кретинга од харизматичниот водич Антанас Ј.
19.10.2021 Вториот ден од мобилноста започна многу мотивирачки со информацијата дека проектот БАРКОДЕ се сертифицира за време на EU Code Week.
– ИТ-наставникот од Португалија Пауло Торкато со учениците од 8 одд.одржа часови за кодирање и роботика
– Останатите наставници присуствуваа на интегриран час по математика и информатика во 6 одд. кај наст.Раса и наст.Ваидас. Наставниците зедоа непосредно учество со учениците во активностите и барањата согласно поставените задачи за кодирање. Секој ги научи основите на кодирањето користејќи молив и лист хартија.
Проектните активности # БАРКОД опфатија и работилница за кодирање со наставниците. Заедно со наставникот по ИТ Пауло Торкато од Португалија кодиравме во SCRATCH
Следеа игровни забавни активности за запознавање со партнерите
Домаќините организираа посета на Музејот за килибар во Паланга каде беше реализирана работилница за препознавање на различни видови килибар од различни историски епохи, а потоа и прошетка во околниот парк.
Со активностите за кодирање се вклучивме во EU Code Week со цел да споделиме искуство, да се мотивираме едни со други и да научиме нови вештини на забавен и привлечен начин. За учество на EU Code Week добивме и сертификати
20.10.2021
Третиот ден од мобилноста на проектот беше исполнет со значајни активности.
Во Kretingos Jurgio Pabrėžos gymnasium учесниците партнери се запознаа со образовниот систем во Литванија, проследија презентација за спомената гимназија, нивните програми, постигнувања, мисија и визија.
– Беше реализирано предавање од ИТ-наставникот Аидас за различните аспекти во ИТ едукацијата во Литванија, како и структурата и содржината на ИТ националните тестови. Тој го сподели неговото искуство од реазлизираните проекти со неговите ученици средношколци и опремата во кабинетот. Сите BARCODE парнери добивме можност да кодираме паметни лед светилки согласно различни програми. Тоа беше прекрасно искуство за сите.
Се одржа прием кај градоначалникот од Кретинга Антанас Калниус. Се разговараше на значајни теми од информатичкото образование, дигиталната писменост, учењето на далечина и професионалниот развој на наставниците од Литванија и земјите партнери од проектот.
– Последната активност беше од забавен карактер, изработка на бонбони на традиционален начин и посета на Кретинга Музејот.
21.10.2021
Овој ден беше посветен на запознавање со историскиот развој на Клаипеда преку посета на Klaipeda Castle Museum, каде што се разгледа поставката исполнета со интерактивни содржини:
– Посета на Националниот парк Curonian Spit ,познат како едно од најубавите природни богатства во Литванија
– Состанок за дискусија и договор за активностите и работилниците кои се предвидиени за реализација од проектот во иднина
22.10.2021
Последниот ден од проектот беше посветен на спроведување на работилница за евалуација и изработка на постери на впечатоци од страна на сите учесници. Постерите беа презентирани од учесниците и сите партнери ги искажаа своите впечатоци од оваа средба, споделија што научија ново и ја истакннаа важноста на искуството од изминатиот период.
Во вечерните часови домаќините органираа пригодна средба на која гостувашње традиционален музички бенд “Žemčiuga”,а свое обраќање имаше и одговорниот на општината Simas Končius .
Вечерта заврши со традиционални танци и дргустирање на традиционална литванска храна.