22 Април-Ден на планетата Земја

Денот на планетата Земја се одбележува секоја година на 22
април и се прославува во 192 земји низ целиот свет.
Првиот Ден на планетата Земја е одржан на 22 април, 1970
година и бил организиран за промовирање на свеста за нашата
животна средина, да се укаже на загадувањето на воздухот и
водата, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и да се
поттикнат луѓето да ја подобрат грижата за животната
средина.
Оваа година се слави 50 годишнина од првото одбележување
на Денот на планетата Земја
Научниците предупредуваат дека луѓето најчесто не се ни
свесни за промените кои и ги прават на планетата Земјата.
Нарушени се глобалните климатско хидролошки циклуси,
нарушено е движењето во биосверата.
Со одбележувањето на овој ден ширум светот се настојува да
се укаже на проблемите со кои се соочува природата и човекот
и начинот на кој може да се подобри состојбата на животната
средина.

Ајде да се потсетиме како влијае човекот со неговата негрижа и
себичост врз природата:
https://www.youtube.com/watch?v=PKj2rU7wFRY&fbclid=IwAR0gexW15Tu2b9Y0B0MbZiVWvpfET9
D1TR5POXlVHM7lisce9mQ1vgarDdw

https://www.youtube.com/watch?v=rhFud2tlaNI
Што навистина се случува со пластичните шишиња што ги фрламе:
https://www.youtube.com/watch?v=_6xlNyWPpB8&feature=share&fbclid=IwAR2vBRvgYJDk5FNsIpt
g49gQgZIV7E-hi0udK85HuOW94pPoVkSgWJx-onI

Какви климатски проблеми предизвикуваме:
https://www.youtube.com/watch?v=Sv7OHfpIRfU
Драги ученици сигурно се прашувате: Како јас можам да придонесам да
се намали загадувањетo и глобалното затоплување, што можам јас да
направам за планетата Земја?
Сите можеме да и помогнеме на нашата планета Земја и да
допринесеме за нејзиното зачувување со едноставни работи:
-Редуцирај го отпадот кој секојдневно го фрлаш !
-Реупотребувај и потикнувај секогаш кога можеш !
-Рециклирај и подржи го рециклирањето со тоа што ќе купуваш
производи со рециклирана содржина !
-Штедете ја колку можете електричната енергија !
-Штедете ја водата!
-Користете ги велосипедите а на автомобилите !
Дел од нашите ученици од еколошката секција изработија
цртежи по повод Денот на планетата Земја.
Ученици!!! Може да се вклучи секој од вас. Напишете пораки,
песна, или нацртајте цртеж по повод Денот на планетата Земја.
Одберете по ваша желба!
Испратете ја вашата изработка на вашиот одделенскиот раководител!!!
Останете во добро здравје !

Подготвил ЕКО Тимот

Од учениците – за учениците. Вредните раце можат се!

Во текот на првото полугодие со ученици од осмо и седмо одделение беа  организирани неколку работилници за изработка на  украсни кеси од рециклирана хартија. На кесите учениците испишаа зборови и изрази на повеќе јазици кои ги користат етничките заедници кои живеат во нашата држава.

   Учениците научија како се изговараат на повеќе јазици изразите : “Благодарам”, “Добар ден”, “Како си ?”, “Како се викаш?”, а воедно пратија и порака  за  толеранција, рамноправност, права, соживот, правда, заедништво, мир.

     Со креативно изработените  еко кеси учениците покажаа  и колку добро може да изгледа рециклираната хартија и  ја подигнаа  свеста за користење на материјали кои може да се рециклираат.

    Со средствата собрани од продажната акција на кесите,  спроведена помеѓу учениците беа набавени неколку книги за училишната библиотека, со што учениците дадоа скромен придонес  за збогатување на библиотечниот фонд.

Aкција за колективно садење на дрвја

На ден 26.10.2019 нашето училиште ООУ ֦  Дане Крапчев ֞ активно се вклучи во акцијата „Денови на колективно садење дрвја во Македонија“ која е граѓанска иницијатива и се одбележува на ниво на цела држава. Во акцијата освен учениците и наставниците се вклучија и родителите.

Целта е  преку засадување дрвја да се ублажат негативните последици од делувањето на човекот и да се поттикне одговорноста што сите ние ја имаме кон животната околина и квалитетот на воздухот. За таа цел засадивме 40 хризантеми и 200 љубичици кои ги обезбеди нашето училиште и 15 садници со Туи Смарагд кои ни ги донираше Пакомак од ЈП Паркови и зеленило од Скопје.

На наше огромно задоволсто во текот на самата акција нé посети и градоначалникот на нашата општина, Гази Баба,  господинот Борис Георгиевски,  кој се запозна со текот на акцијата и  садниците кои ги засадивме.

 Секој личен придонос е од суштинска важност, а целта е сами да се активираме, не да чекаме некој друг да го направи тоа наместо нас.

Продолжуваме со мотото:

Секое дрво е важно. Да засадиме што повеќе!  
-Да го направиме нашето место подобро место за живеење!
Сите заедно можеме да направиме повеќе!

                                                                                                          

Одбележување на 16 Октомври -Меѓународен ден на храната

Меѓународниот ден на храната 16.10.2019 год.  и оваа година беше одбележан во нашето училиште.  Традиционално се одржа предавање и куса дебатна сесија  на тема “Здрава храна” кое го реализираа  учениците од 7 одделение под менторство на наставникот по биологија. Оваа година Еко тимот и Тимот за соработка со родители одлучи предавањето и кратката презентација  да биде наменета за родителите. По тој повод беа повикани родители од сите паралелки во нашето училиште. На наше големо задоволство одзивот на родители беше голем. Преку интерактивна презентација насловена како “Здрава храна –Здрави деца” учениците од 7 одделение  ги запознаа родителите со неопходните материи за здраво тело, во која  храна тие  се наоѓаат, која храна треба да ја избегнуваме во текот на нашата исхрана, а која да ја преферираме. Потоа учениците преку кратки пораки им дадоа совети на родителите кои сите ние  треба да ги практикуваме.На крајот на презентацијата сите заедно погледнаа кратко видео кое  не потикна нас наставниците и учениците да бидеме хумани и во периодот од 16 до 22 Октомври  да организираме добротворна собирна акција на храна која ќе биде донирана на социјално загрозени семејства.

Ученици кои беа вклучени во активноста се:

Ангела Анѓелкоска, Нина Ристиќ, Јована Деаноска, Матеј и Андреј Крстевски, Кристина Тасева, Дона  Тасева , Матеј Спасовски и Теодора Цветковска

Нашата кампања за здрава исхрана има цел да придонесе за подигање на свеста за здравата храна и  важноста на правилната исхрана во перидот на раст и развој кај децата.

Благодариме за одвоеното време и присуството на родителите

Еко тимот и Тимот за соработка со родители

Меѓународен ден на пешаците

По повод 15 Октомври-Меѓународниот ден на пешаците учениците од еколошките секции во нашето училиште со помош на одговорните наставници изработија репрезентативни материјали во вид на флаери преку кои  апелираа  на подигнување на  нивото на безбедност на пешаците како учесници во сообраќајот , како и истакнување на придобивките за здравјето од пешачењето. Флаерите ги  поделија на паркираните возила во околината  и локалното население околу училиштето со цел да ја подигнат јавната свест за пешачењето. Во прилог  да се потсетиме зошто е добро да пешачиме:

ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ  значително влијае во превенцијата на кардио- васкуларните болести, мозочниот удар, дијабетот, остеоартритис, некои видови рак и респираторни болести. Го регулира крвниот притисок, холестеролот, нивото на шеќер во крвта, го спречува дебелеењето, го подобрува имунитетот, го подобрува расположението и сонот, ја намалува депресијата и анксиозноста.

Aкцијата за чистење на училишните дворови

На ден 10.10.2019 нашето училиште ООУ ֦  Дане Крапчев ֞ активно се вклучи во акцијата за чистење на училишните дворови која ја организираше општината Гази Баба заедно со ЈП Комунална хигиена -Скопје. Акцијата за чистење на училишните дворови  се одвиваше во периодот од 11:00 до 12:00 часот во која беа вклучени сите ученици од 2 до 9 одделение.На учениците им беа поделени медицински ракавици и ќеси за отпад. Учениците го собираа сметот кој зад себе го оставаат несовесните минувачи во целиот училишен двор. Собрани беа околу 12 црни вреќи мешовит отпад.

По завршување на еко акцијата учениците и наставниците од нашето училиште положија свежо цвеќе пред бистата на Дане Крапчев во пресрет на утрешниот  државен празник 11 Октомври -Денот на народното востание

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 22 Септември-МЕЃУНАРОДЕН ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ

Преку низа на активности нашето училиште ООУ,,Дане Крапчев ”  го одбележи 22 Септември – Меѓународниот ден без автомобили .
Учениците од ЕКО тимот и еколошката секција изработија и поставија паноа кои ги изложија во училишниот хол, а целта беше да се пренесе пораката за разумно користење на автомобилите за да се заштити животната средина.Учениците испратија јасна порака дека овој ден е од големо значање за заштита на животната средина преку употреба на велосипеди и други алтернативни превозни средства кои не и штетат на животната средина  и кои не ја загадуваат околината . Во активноста се вклучија и помладите екологисти од III и  V одделение,членови на еколошките секции во училиштето.Тие твореа и изработија паноа и еко пораки за разумно користење на автомобили.

Исто така учениците поделија и флаери на локалното население  со цел да се зголеми  личната и колективната еколошка свест  со рационална употреба на автомобилите. Секој сограѓанин треба да биде пример за своето дете и средината во која живее и работи.

16 Септември -Светски ден за заштита на озонската обвивка

Во нашето училиште на 16 Септември беше одбележан светскиот ден за заштита на озонската обвивка. Учениците, членови на Еко тимот изработија паноа за важноста на озонската обвивка  преку која учениците се информираа за нејзиното значење и колку е важно да ја чуваме озонската обвивка која ја штити планетата Земја.

 Учениците изработија и поставија и еко пораки на видни места во училиштето со цел да се подигне еколошката свест  за почиста, позелена и поздрава иднина за себе и за идните генерации.

 На  учениците од училиштето им беше прочитан текст за важноста на озонот со цел да се привлече вниманието за  зачувувањето на озонот и поттикнување на најмалите да учествуваат во неговото зачувување.

Рефератот за озонската обвивка можете да го прочитате во продолжение:

Светот го одбележува 16 Септември – Светскиот ден за заштита на озонската обвивка со цел да се привлече вниманието за важност на зачувувањето на озонот и поттикнување на најмалите да мислат на тоа.

     Oзонската обвивка има значајна улога во заштитата на животот на Земјата и озонот е одговорен за спречување на околу 98 проценти од УВ зрачењето. Научниците уште во 1970 година открија дека озонската обвивка се намалува во просторот над Јужниот пол, а оваа промена е означена како „озонска дупка“.    

    Врз нејзиното зголемување влијае присуството на некои штетни гасови, односно супстанци во атмосферата.Со цел да се спречи уништувањето на озонската обвивка потпишани се голем број меѓународни протоколи, чија цел е контролирање на производството и употребата на штетните гасови. Уништувањето на озонската обвивка е последица на повеќе фактори, од кои најголемо влијание имаат некои хемикалии присутни во горниот слој на атмосферата а  кои се  користат во системите за ладење и системите за заштита од пожари.

….И да се потсетиме иако станува збор за глобален феномен, секој индивидуално со своето однесување односно со незагадување е пример за останатите и може да придонесе локално, за да имаме поздрава животна средина.   Дека секој отпад несоодветно третиран ја загадува почвата и причинува да дојде до испарување на отрови во атмосферата, што севкупно влијае негативно на озонот.

                                                                                          ЕКО тимот

„Скопје цвета”- Скопски цветен фестивал

Оваа сабота се одржа шестиот Скопски цветен фестивал, под покровителство на Град Скопје, под мотото „Скопје цвета”.

Во цветно дефиле учествуваа младите екологисти од нашето училиште кои се обидоаа на уникатен начин да  ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќето, како и да се подигне јавната свест за заштита на животната средина.

Посетителите  имаа  можност да учествуваат и во целодневни: да проследат анимации за деца, да вежбаат јога и зумба на отворено, да слушаат музика, да погледнат и учествуваат во најразновидни цветни перформанси и декорации.

Оваа година на манифестацијата  се претставија повеќе од 30-тина изложувачи- цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, институции и невладини организации од областа на екологија,меѓу кои и еко тимот од нашето училиште ООУ “Дане Kрапчев”.

Одговорни наставници

Б.Личева и Д.Китановска







22 Април – Ден на планетата Земја

Учениците од еколошката секција го одбележаа Денот на планетата Земја – 22 Април со изработка на пано на кое ги искажаа своите заложби за чиста животна средина.

Еколозите од нашето училиште апелираа за поголема грижа  на луѓето за планета Земја и ги истакнаа последиците од неконтролираното загадување на животната средина.

Чистата животна средина е основно човеково право

22 Април – Ден на планетата Земја…

Овој ден за првпат е одбележан во САД, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата.

Историскиот датум со кој се означува почетокот на будењето на еколошката свест на човештвото се смета 22 април 1970 година, кога околу 200.000 лица протестираа против загадувањето на животната средина од која зависи опстанокот на човекот и на сите животински и растителни видови на нашата планета.

Протестите беа организирани во САД, кога околу 30.000 тони сирова нафта истекоа во Пацификот и ја загадија плажата во заливот Санта Барбара. Луѓето кренаа глас против еколошкото насилство, а беа предводени од тогашниот американски сенатор од Илиноис, Гејлор Нелсон, кои побара екологијата да добие национален приоритет. Тогаш е формирано првото Движење за заштита на животната средина.

Од 1992 година овој ден  се одбележува и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.

Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.

Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.