Од отпад, до уметничко дело!

Од отпад, до уметничко дело!

Ученици во тек е наградниот конкурсот  „Trash for art 2022“ !!!!

Собирајте амбалажен отпад, направите уметничко дело и станете дел од иницијативата за почиста и поздрава средина на Пакомак. За делата направени само со амбалажи на Пивара Скопје и БиМилк следуваат специјални награди.

Конкурсот трае од 15.3.2022 до 17.3.2022 година. Сите скулптури ќе треба да се достават во Кинотека на Северна Македонија било кој ден од 15ти до 17ти март, со тоа што на 15ти и 16ти скулптурите ќе може да се достават од 09.00 часот до 17.00, а на 17ти март од 09.00 до 13.00 часот

Наградниот конкурс „Trash for art 2022“ е отворен за возрасни и за деца, кои ќе се натпреваруваат во три категории:градинки, основни училишта  и поединци и други институции (средни училишта, факултети, невладини организации и други)

Во секоја категорија ќе бидат доделени по три награди – за прво, второ и за трето место.

Повеќе информации на www.pakomak.com.mk

Еко-работилница на француски јазик

Нашето училиште и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Катедра за Француски јазик и книжевност склучија меморандум за соработка и спороведување на заеднички активности.

Првата активност се одржа во петок, 24 декември 2021г, а тоа беше убава еко работилница во која учествуваа ученици од осмо одделение од секцијата – Франкофонски клуб. Нè посетија студентките Уна, Анкица и Марија заедно со нивната лекторка Анита Кузмановска. Студентките ги запознаа учениците со некои нови изрази на француски на тема екологија, а потоа во играта која ја подготвиле, учениците одговараа на прашања поврзани со времето на разградување на отпадот во природата и многу еко-гестови. Тие научија нови работи за екологијата, а истовремено многу се забавуваа.

Лекторката Анита Кузмановска за победничкиот тим подготвила подарок а се разбира имаше и бонбони за сите учесници.

22 СЕПТЕМВРИ- МЕЃУНАРОДЕН ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ

По повод 22.09 Меѓународниот ден без автомобили учениците од Еко тимот и Еколошката секција изработија постери и еко пораки,преку кои испраќаат јасна порака дека овој ден е од големо значање за заштита на животната средина преку употреба на велосипеди и други алтернативни превозни средства кои не и штетат на животната средина  и кои не ја загадуваат околината .Погледнете дел од нивните изработки

Светски ден за заштита на озонската обвивка

16 Септември  е Светскиот ден за заштита на озонската обвивка со цел да се привлече вниманието за важност на зачувувањето на озонот.

Да се потсетиме  за значењето на озонот и како можеме сите ние да ја заштитиме озонската обвивка.

„БИДИ ФЕР, ПРАВИЛНО ФРЛАЈ СМЕТ“

Нашето училиште ООУ Дане Крапчев активно е вклучено во ПРОЕКТОТ „БИДИ ФЕР, ПРАВИЛНО ФРЛАЈ СМЕТ“ на Здружението на економски новинари, Општина Гази Баба и ЈКП Гази Баба 2007.

Денес 13.09.2021 учениците од 5 до 8 одделение имаа онлине работилница организирана од Здружението на економски новинари на која  учениците се потсетија за важноста на јавната хигиена и влијанието врз нивното здравје ,дојдоа до заклучок какви се нивните навики во однос на фрлањето на сметот и како да ги сменат сопствените навики за правилно фрлање и селекција на смет.

Целите на проектот  е да се влијае на зголемување на свеста кај учениците за јавната хигиена и  нејзино одржување во средината каде што учат, играат и  живеат.

Целта е  создавање на навики кај децата уште од најмлада возраст, за јавна хигиена и правилно фрлање и селектирање на сметот во својата околина, со цел таа да биде чиста и здрава за живеење.

Да потсетиме дека наградниот конкурс организиран од Здружението на економски новинари сеуште е во тек и трае се до 30.09.2021.

Климатски промени

15-ти мај е Светски ден на климатските промени кога вниманието на пошироката јавност е насочено кон големите климатски промени кои се резултат на човековата активност. 

Глобалното затоплување и екстремните промени во климата, претставуваат најголема глобална закана по здравјето во 21-виот век. По  тој повод  нашите учениците од 7 одделение истражуваа и изработуваа презентации за климатските промени (климатските промени  и глобалното затоплување).Во продолжение ќе погледнеме дел од нивните изработки.

 И да не заборавиме:

 Одговорноста почнува од секој еден од нас!!!  

Како можеме  позитивно да влијаеме :

– со редуцирано возење со автомобил и користење на  велосипедот

-да вршиме селекција  на отпадот и негово  рециклирање

– да купуваме  енергетски ефикасни производи 

– да развиваме навики за заштеда на електрична и топлинска енергија 

-да ги чуваме  и одржуваме зелените површини                                                                                             

ЕКО Тимот

Климатски промени – како да се справиме со нив

НЕ ПЛАСТИЧНИ КЕСИ

КАЖИ НЕ ЗА ПЛАСТИЧНИТЕ КЕСИ!

На 22 октомври, четврток, нашето училиште  ООУ “Дане Крапчев”  се вклучи во проектот  НЕ  ПЛАСТИЧНИ  КЕСИ  спроведен од  ЕКОЗВОН, а подржан од Општината Гази Баба.

Со запазување на сите протоколи за заштита,  учениците преку едукативно предавање се запознаа со штетното влијание на пластичните кеси во природата,  временскиот период на нивното распаѓање и значењето на употребата на платнените торби.

Сите ученици на  мали ливчиња запишаа по една мисла за штетното влијание на пластичните кеси, кои беа закачени на хамер.

Се отвори кратка дискусија по истото и на учениците им беа поделени еко-торби.

Целта на овој проект е подигнување на јавната свест за штетното влијание од употребата на пластичните кеси и со тоа да се допринесе за почиста и поздрава животна  средина и да се потикне употребата на алтернативи на пластичните кеси.

                                                                                           Еко Тимот

Еко-кодекс

Еко-кодексот ја дефинира целата мисија на училиштето и
претставува заеднички став односно правилник на однесување
на сите вклучени во Програмата. На јасен и декларативен
начин се покажува посветеноста на училиштето за
подобрување на условите во кои се учи и работи. Еко-кодексот
содржи конкретни акции пораки и правила кон кои ќе се
придржуваат сите ученици, училишниот персонал, но и сите
вклучени во Програмата. Еко-кодексот се истакнува на видливо
место и се збогатува со информации на годишно или
полугодишно ниво.
Оваа учебна година поради вонредната состојба учениците
своите предлози за Еко кодексот ги праќаа по електронски
пат. Учениците испраќаа предлози за форматот кој беше
слободен,во форма на песна, краток текст,еко порака ,цртеж и
тн. Еко тимот ги одбра најинтересните и најкреативните
предлози и направи презентација која може да ја погледнете.
Дел од нив ќе бидат истакнати на видно место во нашето
училиште.

Подготвил ЕКО Тимот

ЕКО АКТИВНОСТИ

ЕКО активностите во нашето училиште продолжија и покрај новонастанатата
состојба и отсуството на учениците од училишните клупи. Во текот на месец
Мај :
 Продолжи тековно одржување на саксиските цвеќиња во училиштето и нивно
полевање од страна на дежурните наставници и техничкиот персонал
 Се изврши плевење и окопување на постоечкото зеленилото од страна на
техничкиот персонал
 Поважни датуми од екокалендарот кои ги одбележавме со учениците се:
-15 мај Светски ден за заштита на климата
-31 мај Светски ден против пушењетоПо повод 15 Мај Светски ден за заштита на климата оваа година учениците од VII
одделение истражуваа и изработуваа презентации за климатските промени
(климатските промени и глобалното затоплување, важноста и уништувањето на
озонската обвивка).Презентациите од учениците можете да ги погледнете на веб
страната на училиштето во делот ВО ЧЕСТ НА НАШИОТ ПАТРОН ДАНЕ КРАПЧЕВ
–Презентации по Биологија
-По повод 31 мај Светски ден против пушењето учениците од Еко тимот изработија
презентација за пушењето и последиците од пушењето .
Во продолжение може да ја погледнете и презентацијата.
 Анализата на состојбата на животната средина во нашето училиште се реализираше
преку анонимен анкетен прашалник кои им беше достапен он лине на учениците од V
до IX одделение. На анкетните прашања одговорија 60 ученици од училиштетод V до
XI одд. при што повеќето се изјаснија на поставените прашања. Анкетата покажа дека
еколошката свест на учениците е видно подигната и дека тие самите ги забележуваат
недостатоците во нивната животна средина, од што всушност и произлегуваат нашите
точки за акција.
 Како завршна активност се спроведе изборот на Еко кодексот.Учениците своите
предлози за Еко кодексот ги праќаа по електронски пат. Учениците испраќаа
предлози за форматот кој беше слободен,во форма на песна, краток текст,еко порака
и тн. Еко тимот ги одбра најинтересните и најкреативните предлози кои ќе бидат
истакнати на видно место во нашето училиште.


Останете во добро здравје !

Подготвил ЕКО Тимот