БРАВО ЗА НАШИТЕ МАТЕМАТИЧАРИ!

На денешниот општински натпревар по математика на треиторија на општина Гази Баба одржан на ден 29.02.2020 год. (сабота) во ООУ„Крсте Мисирков“ -Скопје, нашите ученици од сите одделенија покажаа одлични резултати. БРАВО ЗА НАШИТЕ МАТЕМАТИЧАРИ !!! ПРОДОЛЖЕТЕ ДА БИДЕТЕ УСПЕШНИ И НА НАРЕДНИТЕ НАТПРЕВАРИ !!!

  Ученик: Одделение Освоено место МЕНТОР
1 Христијан Гочевски Иваноски 4 одделение 2 место Билјана Трајановска
2 Дамјан Петровиќ 4 одделение 2 место Вилдана Суљовиќ
3 Александар Маџовски 4  одделение 3 место Даниела Салтирова
4 Марија Трајковска 4  одделение Пофалница Светланка Пешовска
5 Давид Арнаудов 5 одделение 1 место Весна Димитровска
6 Лејла Оручу 5одделение Пофалница Лидија Ѓорѓиева
7 Јана Саздовска 6 одделение 1 место Билјана Стојановска
8 Никола Милосковски 6 одделение 1 место Билјана Стојановска
9 Михаела Димчова 6 одделение 2 место Билјана Стојановска
10 Алексеј Стојановиќ 7 одделение 2 место Лиле Сарваноска
11 Тамара Вељковиќ 7 одделение Пофалница Лиле Сарваноска
12 Јана Благојевиќ 8 одделение 3 место Лиле Сарваноска
13 Анастасија Тодевска 8 одделение Пофалница Лиле Сарваноска
14 Павел Наневски 9 одделение Второ место Билјана Стојановска
15 Јане Ѓоргиевски 9 одделение Второ место Билјана Стојановска
16 Тијана Антовска 9 одделение Трето место Билјана Стојановска

Известување

Почитувани родители, ученици, вработени!

На ден 29.02.2020 год. (сабота) според претходно најавеното, во нашето училиште се изврши комплетна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на целата училишна зграда. Сакаме да изразиме благодарност до општина Гази Баба и Алкалоид за донацијата на антибактериски течен сапун, кој ја надополни залихата на хигиенски средства во нашето училиште, а со цел превенција и заштита од корона -вирусот. Истовремено, Ве замолуваме постојано да вршите едукација на учениците за начинот од заштита од било какви заразни заболувања, како и правилно користење на средставата за хигиена во училиштето.

National English Essay Challenge 2020-Предизвик за пишување на есеј на Англиски јазик

Мировен Корпус со своите волонтери помогнати од Американското катче и Амбасадата на САД секоја година спроведуваат Предизвик за пишување на есеи на Англиски јазик со цел да се подигне свеста кај учениците дека пишувањето на Англиски јазик е многу важно како и да се мотивираат учениците да создадат интересни есеи.

Право на учество имаат сите ученици од нашата држава од 7 одделение до 4 година. Според тоа учеството е поделено во 3 групи: во прва група влегуваат учениците од 7,8 и 9 одделение, во втора група учениците од 1 и 2 година среддно и во трета група учениците од 3 и 4 година. Секоја група има различна тема за пишување на есејот. Оваа година темата за првата група во која што земаа учество учениците од нашето училиште беше- Imagine your life ten or twenty years from now. What are your dreams, and do they come true? In what way do they serve you and other people? (Замисли си го животот во наредните 10 години. Кои се твоите соништа и дали се остваруваат? На кој начин тие соништа ти помагаат на тебе и другите луѓе?)    

10 ученици учествуваа во Предизвикот за пишување на есеј на Англиски јазик. Тоа се учениците: Теона Димишковска 7-2, Тамара Петрушевска 7-2, Лина Тргачевска 7-2, Дона Тасева 7-3, Алексеј Стојановиќ 7-3, Мила Данева 7-4, Ема Димитриевска 8-1, Лора Донева 8-2, Христина Јовановска 8-2 и Јана Кметовска 8-3. Ученичката Дона Тасева од 7-3 одделение ја освои втората награда. И честитаме на Дона како и на сите ученици што учествуваа во предизвикот. Сите тие имаа навистина прекрасни есеи и се гордееме со нив.

Во иднина се надеваме дека бројот на учесниците во овој предизвик ќе биде уште поголем.

Недела на информатиката во ООУ „Дане Крапчев“ Скопје

Од 10-14 февруари во ООУ “Дане Крапчев“ Скопје беше одржана “Недела на информатиката“. Во проектот беа вклучени ученици од V -1, VI и IX одделение.  Беа реализирани повеќе работилници и активности. Повеќе може да прочитате на следните линкови

Активности на учениците од шесто и девето одделение

Активности на учениците од V-1 одделение

„Кој ќе го освои срцето на Сара“ – театарска претстава

Во склоп на програмата за меѓуетничка интеграција во образованието беше реализирана предвидената активност за месец февруари 2020 година: изведба на театарска претстава под наслов „Кој ќе го освои срцето на Сара“.

Во период од 12.02.2020 до 20.02.2020 година, се реализираа 15 театарски претстави во Домот на култура „Чекори“ во населбата Автокоманда. Текстот за претставата го напиша, а воедно и ја постави на сцена Изабела-студент на Факултетот за Драмска уметност, а учесници-глимци во театарската претстава беа ученици на возраст од 3-то до 9-то одделение од сите 11 училишта на општината Гази Баба и од различна етничка и верска припадност. Учениците кои учествуваат во претставата се екипа и како тим ја претставуваат општината. Инаку, од нашето училиште во претставата учествуваа двајца ученици од 7-мо одделение – Јасин Малиќи и Анелија Ајваз и ученикот Рохан Крујезиу од 9-то одделение кој беше ангажиран за музиката која оди во позадина на претставата меѓу која е и химната на Општината под наслов „Мостови на другарство“, напишана на три јазика (македонски, албански и англиски) која се изведуваше на крајот на секоја од претставите и сите посетители можеа да се качат на бината и заеднички да ја пеат.

Одговорен наставник кој ги подготвуваше учениците за своите улоги во претставата беше наставничката по македонски јазик Елена Малинова, а одговорен наставник за музиката покрај ученикот беше наставничката по историја Роза Јаневска.

Сите 15 претстави се реализираа во 7 работни дена и тоа се со цел да можат учениците од сите 11 училишта да ја проследат. На крајот на претставата се случија солзи, многу цврсти прегратки, се случи заедништво, потреба за повторно видување. А всушност тоа беше целта почитување на различностите, толеранција, заедништво, градење на мултикултура и интеркултура. Билетите за претставата чинеа по 100 денари и имаат хуманитарна и општествено корисна улога.  Затоа дел собраните средства од билетите се наменија за подароци и заедничка фотографија за сите учесници во претставата,  за Изебела која ја напиша и постави претставата и остатокот од собраните средства ќе биде наменет за набавка на вреќи за седење во дневниот престој на нашето училиште. За оваа набавка која ќе следи во блиска иднина одлучи тимот на наставници од МИО, претседателот на Ученичкиот парламент, ученикот јавен правобраните и директорот на училиштето. На 19.02.2020 година на овие претстави беа присутни и градоначалникот на општина Гази Баба, претставници од ОБСЕ, главниот координатор на овој проект Анита Ангелова, претставници од општината, а претставата доби и свој видеозапис од страна на фото студио Маестро. За секое училиште имаше обезбедено и бесплатен превоз од страна на ЈСП.

Од учениците – за учениците. Вредните раце можат се!

Во текот на првото полугодие со ученици од осмо и седмо одделение беа  организирани неколку работилници за изработка на  украсни кеси од рециклирана хартија. На кесите учениците испишаа зборови и изрази на повеќе јазици кои ги користат етничките заедници кои живеат во нашата држава.

   Учениците научија како се изговараат на повеќе јазици изразите : “Благодарам”, “Добар ден”, “Како си ?”, “Како се викаш?”, а воедно пратија и порака  за  толеранција, рамноправност, права, соживот, правда, заедништво, мир.

     Со креативно изработените  еко кеси учениците покажаа  и колку добро може да изгледа рециклираната хартија и  ја подигнаа  свеста за користење на материјали кои може да се рециклираат.

    Со средствата собрани од продажната акција на кесите,  спроведена помеѓу учениците беа набавени неколку книги за училишната библиотека, со што учениците дадоа скромен придонес  за збогатување на библиотечниот фонд.

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЖЕНАТА И ДЕВОЈЧИЊАТА ВО НАУКАТА

На 11 февруари во општина Гази Баба со пригодна манифестација беше одбележан меѓународниот ден на жената и девојчињата со цел да се даде поттик за постигнување целосен и еднаков пристап и учество во науката на жените и девојчињата, со цел нивна целосна инклузија во општеството.
Градоначалникот г. Борис Георгиевски им порача на девојчињата од основните училишта во општината, никогаш да не се откажуваат од науката. Секогаш да бидат посветени, истрајни и упорни за она што сакаат  да бидат и да не потклекнуваат на дискриминацијата. Затоа што само така ќе успеат да стасаат онаму каде што сакаат. Исто така им честиташе што уште од мала возраст влегуваат во научните води и бележат добри резултати.

На манифестацјата беа присутни  професорката по билологија, Валентина Славевска – Стаменковиќ и професроката по математика, Слаѓања Брсаковска, од Природно – математичкиот факултет, кои на присутните  ученички им ги презентираа нивните приказни, за тоа што нив ги натерало да се посветат на науката.