22 МАРТ – СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА

По повод Светскиот ден на водата учениците од 8 одд. изработија хамери и еко пораки за заштеда на водата.

Со нивните изработки потсетија дека:

  • водата е скапоцена;
  • таа е извор на живот;
  • без неа не би можеле да функционираме и да живееме.

Одговорен наставник: Душанка Китановска.

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН на СРЕЌАТА

ДЕНЕС во НАШЕТО УЧИЛИШТЕ сè беше во знакот на МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН на СРЕЌАТА 20 МАРТ

Малите твореа на тема СРЕЌА, а ГОЛЕМИТЕ им подготвија подароци и ги направија СРЕЌНИ.

Денес, утре и секој нареден ден СРЕЌА е да си НАСТАВНИК на СРЕЌНИ ДЕЦА.

Идејата за настанот е на наставниците Магдалена Павлеска и Данче Костовска-Јакимовска

– истата ја спроведоа со ученици од IV и VIII одд.

Во активноста се вклучија и математичари од VI одд.

Фотографиите може да ги погледнете на нашата страница на facebook

Европски квиз на парите

На 18.03.2024 година за време на Глобалната недела на парите во Република Северна Македонија се одржа националниот натпревар „Eвропскиот квиз на пари“ најголемиот европски натпревар за финансиска едукација. Натпреварот беше организиран од страна на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народна банка на Република Северна Македонија и Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија.На натпреварот зедоа учество околу 1000 ученици од 13 – 15 години. Од нашето училиште, ООУ„Дане Крапчев“-Скопје, учесниците се натпреваруваат во тимови по двајца од 8одд. и 9одд., а учествуваа 10 тима. На натпреварот учениците го тестираа своето финансиско знаење кое ќе им помогне во иднина да ги развијат вистински вештини, подобрување на финансиската писменост, свеста за нејзината важност и стекнување знаења за донесување добри финансиски одлуки.

Светски ден посветен на математичката константа ПИ

Учениците од Математичко – информатичката секција

Ви посакуваат Среќен ПИ ден – 3.14

Тие на интересен начин го одбележаа Светскиот ден посветен на математичката константа ПИ.

Се потсетија на основите на кодирањето, “лансираа” хартиени ракети изработени по даден алгоритам, преку забавен квиз помалите дознаа што всушност е бројот ПИ, за потоа и експериментално да го докажат.

14 март беше предизвик и за поголемите ученици кои ги поттикна да научат повеќе за бројот ПИ и да се натпреваруваат решавајќи квиз во Kahoot.

Погледнете ги

,, НИЗ ИСТОРИЈАТА” – ОД ВРЕДНИТЕ РАЦЕ НА НАШИТЕ УЧЕНИЦИ

Во рамките на ИСТОРИСКАТА РАБОТИЛНИЦА учениците изработија:

-пирамиди, наколни живеалишта, штитови, копја, мечови, садови од глина, песочен часовник, стари писма, средновековни замоци, црква, манастир, боздоган, запрежна кочија, охридска куќа, црешово топче, портрети на познати личности, историски карти…

Работилницата придонесе учениците да ги продлабочат знаењата за секојдневниот живот на луѓето во минатото и да развијат интерес и почит кон нивните достигнувања.

ПРОЕКТОТ ,,ГРАДИМЕ МОСТОВИ” презентиран пред претставници од МОН, ОБСЕ и ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

Денес нашите ученици Михаела Миовска и Никола Недев заедно со нашите партнери, имаа прилика да ги презентираат реализираните активности во проектот.

Учениците и наставниците ги споделија впечатоците и искуството кое го стекнаа при реализација на заедничките часови.

Проектот има големо значење за развој на мултикултурализмот во нашата општина и продолжува да се реализира и во II полугодие.

Одговорни наставници на проектот се: Роза Јаневска и Бојана М.Личева.

Честитки за вредните и неуморни ученици и наставници!