Прво место за детска поезија

За креативноста на нашите литературни творци знаат Македонците ширум светот.

На интернационалната поетска манифестација ,,Сплоти се Македонијо,, на која имаа можност да учествуваат сите Македонци ширум светот, нашата ученичка Катерина Пислевиќ освои 1 место во категоријата детска поезија.

Честитки Катерина, ти посакуваме уште многу успешни творби и награди!

Слободни изборни предмети

На следните линкови може да ја прочитате програмата за слободни изборни предмети

  1. Дизајн
  2. Кошарка
  3. Одбојка
  4. Уметност – театарски работилници
  5. Уметност – изработки од хартија
  6. Ликовно образование-Цртање
  7. Фудбал / футсал

Се одржа завршниот настан на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

По повод завршниот настан на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, реализиран од страна на Младински центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со Младински образовен форум (МОФ) нашето училиште доби покана да биде гостин на една таква прекрасна манифестација. Манифестацијата се оддржа на 21 септември (среда) во просториите на хотелот Александар Палас.

Од нашето училиште земаа учество 12 ученици кои го претставија училиштето во најубаво светло и несебично ги споделуваа своите идеи.

  Во изминативе 5 години проектот работеше со инстируциите и со сите основни и средни училишта низ државата со цел да се зајакне меѓуетничката кохезија во училиштата, граѓанското однесување на учениците и младинското учество.
   Обраќање имаа заменик-министерот за образование и наука и заменик шеф на Мисијата во Амбасадата на САД во Скопје.

Најважно од се беше да се поттикне младинското учество и да се иницираа повеќе младински иницијативи. На самиот настан имаше дискусија за тоа како можеме да го подобриме нашето  општеството. Беа промовирани до сега направените промени и беа стекнати многу нови пријателства. На тој начин се развива тимската работа, емпатијата и љубовта меѓу сите нас, да сакаме да помогнеме, да го направиме ова општество поубаво место за живеење затоа што ние сме иднината на оваа држава. Нешто што посебно го истакнаа одговорните личности за овој проект беше тоа дека сите ученици кои биле вклучени во овој проект не биле себични, постојано поставувале за цел нешто возможно и што е недостаток и проблем на повеќе луѓе.

Крајот на настанот се затвори со харизматична песна напишана и искомпонира од група млади која беше навистина големо задоволство да се слушне.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА!

Првачињата во нашето училиште го започнаа првиот училишен ден на свечен начин. Повозрасните ученици им подготвија свечена приредба, а директорката со кусо обраќање им посака топло добредојде во нивниот втор дом, училиштето. Сите возбудени, среќни, насмеани и со малку родителски солзи радосници нашите првачиња се упатија на првиот училишен час со своите наставнички.

Среќно првачиња, градете најубави детски спомени во нашето училиште

СРЕЌНО ПОЛУМАТУРАНТИ!

Дел од атмосферата на завршната забава наменета за учениците со континуиран успех и првенецот на генерација наменета исклучиво за нашите полуматуранти.

Среќно и многу успеси во Вашето понатамошно образование. И запомнете пред се бидете луѓе кои ќе ги красат најдобрите епитети на една личност!!!!

СО УСПЕХ !!!!!!

Државен натпревар по хемија

На 27.05.2022 година се одржа Државниот натпревар по хемија на кој учествуваше ученикот Алексеј Стојановиќ од IX-3 одделение и освои втора награда. Честитки Алексеј за постигнатиот успех и ти посакуваме уште многу успеси во иднина!!!

Ментор-Елена Томевска

РЕЗУЛТАТИ ОД ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ПРИРОДНИ НАУКИ

Денес, 28. мај 2022 година се одржа 9-от Државен натпревар по Природни науки за основно образование , на кој учество земаа нашите ученици и ги постигнаа следните резултати:

4 одд.

Ангелина Трпковска III награда

Ментор Е. Георгиевска

5 одд.

Калина Караџоска III награда

Ментор Б. М. Личева

6 одд.

пофалница :

Тара Спасиќ,Александар Маџовски и Христијан Гочевски Иваноски

Ментор Д. Китановска

Нашите ученици, наша гордост !!!

Честитки за освоените награди

Резултатите се достапни на следниот линк https://biologija.yolasite.com

РЕЗУЛТАТИ ОД ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА

Денес, 21.мај 2022 година се одржа 9-от Државен натпревар по биологија за основно образование , на кој учество земаа нашите ученици и ги постигнаа следните резултати:

8 одд.

Ања Јовановска III награда

Михаела Димчова- пофалница

9 одд.

Алексеј Стојановиќ II награда

Матеј Крстевски III награда

Теона Димишковска пофалница

Нашите ученици, наша гордост !!!

Честитки за освоените награди

Ментори Бојана Мешковска Личева и Душанка Китановска

Резултатите се достапни на следниот линк https://biologija.yolasite.com/

Државен натпревар по МАТЕМАТИКА

Резултати од 47-от Државен натпревар по МАТЕМАТИКА за основно образование кој се одржа на 14.05.2022 година:

Михаела Димчова 8 одд. – пофалница,

ментор Билјана Стојановска

Александар Маџовски 6 одд. – пофалница,

Дамјан Петровиќ 6 одд. – пофалница и

Христијан Гочевски Ивановски 6 одд.

под менторство на Лиле Сарваноска.

На младите математичари им го честитаме постигнатиот успех 👏