26 септември – Европски ден на јазиците

Јазиците се нашето најголемо богатство!

Денес, 26.09 учениците од III-4 со наставничката по англиски јазик Андријана Недевска го одбележаа Европскиот ден на јазиците.

Изработки на учениците од 9-4 одд.

Заеднички час со нашето партнер училиште ООУ „25 Мај”

На 22.09.2023 година одржавме уште еден заеднички час со нашето партнер училиште ООУ „25 Мај”. Овој пат ние бевме домаќини. Редовниот наставен час го одржавме во кабинетот по Природни науки и Биологија, а учесници беа учениците од 6-4 одделение заедно со нивната наставничка Бојана М.Личева и учениците од 6-2 одделение со нивната наставничка Анида Адеми. Учениците со голем интерес го проследија предавањето на двете наставнички, а потоа поделени во групи истражуваа за физичките промени на материите. Секоја група имаше за задача да промени физичко својство на дадена супстанца. Тие успешно и на многу креативен начин успеаа да ги променат физичките својства на хартијата, пластелинот, алуминиумската фолија и жица. Убави импресии и впечатоци, заедничка дружба, заедничко поучување, креации на вештите рачиња на сите дечиња. П.С. Со нетрпение ги

очекуваме следните наши заеднички активности и дружење. Се гледаме наскоро!

НОВ ПОЧЕТОК! НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ! НОВИ МОСТОВИ!

На 15.09.2023 г.заеднички започнавме да ги имплементираме активностите на Првиот Проект „Градиме нови мостови“ поддржан од ОБСЕ и МОН. Го реализиравме и првиот наставен час по предметот Природни науки заедно со наставничките Бојана М. Личева и учениците од 6-4 одделение и Анида Адеми и учениците од 6-2 одделение од партнер училиштето ООУ „25 Мај“. Ние бевме гости кај нашите пријатели, во нивното училиште. Следната средба е кај нас и со нетрпение чекаме да ве известиме за активностите што заеднички ќе ги реализираме.

П.С. Научивме за хемиските својства, за боја, мирис, вкус, форма и идентификувавме физички својства на супстанците со помош на своите сетила. А, најинтересно изведувавме експеримент со кој ја истраживме растворливоста на различни супстанци во вода. Погледнете дел од атмосферата !

Одбележување на Европската Недела на Мобилност. 

На 18. 09. 2023 г. , во паралелката 5 – 2 од ООУ „Дане Крапчев“ беше одржан еколошки час во организација на  Општината Гази Баба во соработка со Македонски Зелен Центар за одбележување на Европската Недела на Мобилност. 

Линк од видео – презентација

Се радуваме на награди и за време на летниот распуст!

На ученичката Луна Сиљаноска од 4-3 одделение под менторство на одд.наставник Христина Џајкова Петровска и беше доделена награда -ваучер и благодарница за цртеж со кој учествуваше во проектот ,,Инвестираме во нашата планета” организиран од компанијата ,,Макстил”.

За учество во проектот благодарница од компанијата доби и нашето училиште.

еТвининг проект “LEAD THE DİGİTAL FUTURE İN EDUCATİON“

Во рамките на еТвининг, учениците од VI и VII со наставничката по информатика Марина Пејковска организираат и реализираат активности заедно со учениците и наставниците од Полска, Турција и Романија кои се дел од проектот “LEAD THE DİGİTAL FUTURE İN EDUCATİON“. Целта на проектот е развивање на способност за користење Web 2.0 алатки., препознавање на проблеми и прашањата за животната средина и климатските промени, стекнување чувство на одговорност и учење да се работи заеднички. Се одржуваат состаноци со цел да се зголеми интеракцијата на нашите ученици во сите наши партнерски училишта, се развиваат пријателски односи и ги споделуваат своите чувства и размислувања за објавите направени на платформата.

Успех на рецитаторски натпревар

Денес, 17.6.2023 на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” во Скопје се одржа рецитаторски натпревар. Нашата ученичка Софија Мијалковска од 7-3 одделение под менторство на наставничката по македонски јазик, Катица Стојчевска освои III место.

Учество на „Детски лирски треперења“

На самиот крај од учебната 2022/2023 година добивме убаво известување. 🍀

Ученичката Евгенија Зафирова од 9-1 одделение под менторство на наставничката по македонски јазик, Марија Шереметкоска при учество со творба на 44 Фестивал за детско поетско творештво „Детски лирски треперења“ со својата менторка се наградени да учествуваат три дена на завршната манифестација во детското одморалиште „Радости“ во Охрид. Манифестацијата ќе се одржи во периодот од 23.6 до 25.6.2023 година.